ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ ќе продава нови вишоци електрична енергија

ЕЛЕМ ќе продава нови вишоци електрична енергија

АД Електрани на Македонија објави дека ќе изврши продажба на вишоци електрична енергија за периодот од 25 февруари до 3 март 2019, во вкупни количини од 9.600 MWh електрична енергија.

Како што велат од компанијата, количините се одредени согласно со моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.

Моменталните цени на HUPX (унгарската берза на електрична енергија) за базна енергија за неделата од 25 февруари до 3 март изнесуваат BL Wk 09-19 = 50,38 EUR/MWh.

Аукцијата ќе се одржи задутре.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП