25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТимот Леброн победи против Тимот Јанис, Дурент МВП (видео)

Тимот Леброн победи против Тимот Јанис, Дурент МВП (видео)

Последниот ден на „Ол Стар“ викендот во Шарлот, Тимот Леброн победи против Тимот Јаниас 178:164. За најкорисен играч на мечот беше прогласен Кевин Дурент.

Тимот на Јанис Адетокумбо подобро го отвори натпреварот. Константно во предност Адетокумбо и останатите беа три четвртини, а на почетокот на третиот период имаа предност од 20 поени.

Потоа оние што играа за Тимот Леброн влегоа во серија на тројки, погодија седум (три погоди Лилард, а по две Бил и Томпсон).

Во последниот период се активираше и капитенот Леброн и со серијата 7:0, овој тим на три минути до крајот го реши победникот.

Кевин Дурент ги предводеше победниците со 31 поен и седум скока, на крајот тој беше прогласен за МВП на „Ол Стар 2019“. Ова е втора ваква награда за Дурент, првата ја освои во 2012 година, Клеј Томпсон постигна 20 поени, а капитенот Леброн Џејмс 19.
Адетокумбо го предводеше својот тим со 38 поени и 11 скока, а Пол Џорџ и Крис Мидлтон постигнаа по 20 поени.

На овој „Ол Стар“ меч одбрана не се играше, немаше многу атрактивни забивања, а играчите 167 пати шутнаа за три поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП