19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалверде го продолжи договорот со Барселона

Валверде го продолжи договорот со Барселона

Челниците на Барселона и тренерот Ернесто Валверде договориле соработка и за наредната сезона. Со новиот договор двете страни ставија крај на шпекулациите за иднината на Валверде.

На официјалната интернет-страница на клубот е објавена информацијата дека Валверде ќе биде тренер и во сезоната 2019/2020. Во договорот постои и клаузула дека тој може да биде продолжен уште една година.

Во текот на денот Валверде треба да го стави својот потпис на новиот договор.

Валверде во првата сезона со Барселона ја освои двојната круна, а оваа ја почна со трофеј во Суперкупот на Шпанија.

Како тренер на Барселона има скор од 65 победи, 22 нерешени резултата и девет порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП