29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук испиша историја, Оклахома загуби од Њу Орлеанс

Вестбрук испиша историја, Оклахома загуби од Њу Орлеанс

Во пресрет на „Ол-стар“ викендот, изминатата ноќ понуди само три натпревари во НБА лигата.

Вечерта беше одбележана со новиот „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук во поразот на Оклахома Сити на гостувањето кај Њу Орлеанс (131-122). Со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции, плејмејкерот на Тандерси се искачи на врвот на вечната листа на стрелци на франшизата.

Екипата на Орландо му нанесе тежок пораз на Шарлот (127-89) пред своите гледачи. Домашните кошаркари обезбедија огромни +35 на паузата, па тоа им овозможи да одиграат рутински до крајот на натпреварот. Теренс Рос со 21 поен од клупата за резерви беше најефикасен на натпреварот.

Во дуелот на две од најлошите екипи во лигата, Њујорк славеше во домот на Атланта (91-106). Шестмина во гостинскиот ростер запишаа двоцифрен учинок и придонесоа во одличната тимска победа на екипата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП