29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралот“ во Амстердам, „Mилионерите“ во Лондон

„Кралот“ во Амстердам, „Mилионерите“ во Лондон

Нови два натпревара вечерва ќе се одиграат во нокаут-рундата во Лигата на шампионите. Европскиот првак Реал во првиот меч од осмина-финалето ќе гостува кај Ајакс, а Тотенхем ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Дуелот на арената „Јохан Крoјф“ во Амстердам тежи 17 трофеи во најквалитетното клупско натпреварување. Пред два месеца Реал беше во криза и тогаш Ајакс изгледаше како фаворит. Во меѓувреме работите се сменија, Реал ја крена својата форма, влезе во серија победи и се врати во шампионската трка во Шпанија.

Од друга страна, формата на Ајакс е далеку од потребното ниво за вакви натпревари. Кога во првенството, на домашен терен, испушти предност 3:1 против Херенвен (4:4), доживеа дебакл во дербито кај Феенорд (2:6), а кризата ја продлабочи минатиот викенд со поразот од Хераклес.

Линиите во Реал изминатиот месец функционираат речиси беспрекорно, оската Модриќ-Каземиро-Крос функционира одлично, Бензема влезе во голгетерска форма, а тинејџерот Винисиус Жуниор е вистинско освежување во нападот. Дополнителна стабилност и сигурност дава и дефанзивниот бедем, во кој се Рамос и Варан.

Ајакс е комбинација на младост и искуство. Лидер во тимот е Србинот Тадиќ за кого клубот на Саутемптон му плати рекордни 20 милиони евра. Тадиќ е прв стрелец (пет гола) и асистент (три асистенции) на Ајакс во Лигата на шампионите. Во нападот најголемата опасност доаѓа од поранешниот играч на Реал, Хунтелеар, а играта на тимот во многу нешта зависи од младите Де Лихт и Де Јонг.

Овие двајца се најбараните млади играчи во Европа. Де Јонг веќе го договори својот трансфер во Барселона, а за Де Лихт ќе се тепаат Баерн, Барселона, Јувентус, Манчестер јунајтед, Манчестер сити.

На „Вембли“ во Лондон, Тотенхем ќе ја пречека првопласираната екипа во Бундеслигата, Борусија Дортмунд. Имињата на тимовите и пристапот што го имаат кон играта гарантира две атрактивни пресметки.

Она што е важно пред првиот меч е што двајцата тренери, Маурисио Покетино (Тотенхем) и Лусиен Фавр (Борусија), имаат сериозни кадровски проблеми.

Покетино не може да смета на најдобриот играч Кејн, потоа на Деле Али, Дејвис, веројатно и Ламела, а кај Борусија ќе ги нема капитенот Ројс, најдобриот стрелец Пако Алкасер, како и Аканџи, Вагл, Пишчек.

Натпреварите во Амстердам и Лондон ќе почнат во 21 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП