Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Мбапе и ослабените ПСЖ во „лов на ѓаволи“ на „Олд Трафорд“

Време: 11:27

Датум: февруари 12, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Паузата, конечно, заврши, Лигата на шампионите вечерва се враќа на програмата и тоа со интересна пресметка на богатиот париски клуб Пари Сен-Жермен и разиграните Манчестер јунајтед.

Кога беше објавена ждрепката за осминафиналето во декември, на трикратните европски шампиони Јунајтед никој не им даваше шанси за пласман понатаму, посебно по ужасната домашна форма под Жозе Мурињо од една страна и „газењето“ на ПСЖ на домашните ривали.

Но, сега, два месеци подоцна, проблемите се кај гостите. Оле Гунар Солксјер успеа да има неверојатен старт како преоден менаџер на Јунајтед, победувајќи во 10 меча од своите 11 и одигрувајќи реми во 11-тиот.

„Се поставивме во позиција да си дадеме вистинска шанса по формата пред овој натпревар. Самоуверени сме и изгледаме како тим. Ако имаше совршено време за голем натпревар, тоа е сега. Мислам дека мојот тим е способен да победи било кој противник. Кога работиме напорно, работиме, кога тренираме лесно, се концентрираме. Можеме да изненадиме“, изјави Солскјер.

ПСЖ од друга страна, откако беа први во групата Ц со Ливерпул и Наполи, наместо да се фаворити во пресметката, сега се во незгодна ситуација, бидејќи тренерот Томас Тухел доаѓа на „театарот на соништата“ без повредените Нејмар и Единсон Кавани и ќе мора да се потпре само на сензационалниот Килијан Мбапе во нападот.

Во сенка на оваа пресметка, вечерва на „Олимпико“, Рома ќе се обиде да ја надмине кризата во играта присутна овој месец, за против незгодниот Порто да направи предност пред тешкото гостување во Португалија.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Манчестер јунајтед – Пари Сен-Жермен 21.00 ч.

Рома – Порто 21.00 ч.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПРЕД ДУЕЛОТ

– Ова е прв конкурентен дуел меѓу Јунајтед и ПСЖ.

– Ниту еден француски тим го нема победено Јунајтед дома во европските натпреварувања (10-4-0). Во ЛШ, само два француски клуба избегнале пораз на „Олд Трафорд“ – Монако во март 1998 (1:1) и Лил во октомври 2005 (0:0).

– ПСЖ има само една победа во 10 натпревари на гости против англиски тимови (1-4-5). Тоа беша 2:1 победата над Челси во март 2016 во осминафиналето, последен пат кога поминале нокаут фаза на ЛШ.

– Јунајтед имаат само една победа во последните девет нокаут натпревари во ЛШ (1-3-5), против Олимпијакос во март 2014 година.

– Ова е седми пат едноподруго ПСЖ да влегува во нокаут фазата на ЛШ, што е најдолга серија по тие на Реал Мадрид (22), Барселона (15) и Баерн Минхен (11). Но, тие никогаш не отишле подалеку од четврт-финалето.

– ПСЖ има постигнато најмногу голови во групната фаза оваа сезона (17 во шест меча).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Најпопуларните електрични возила во светот

    Најпопуларните електрични возила во светот

    Лидер е „Nissan Leaf“, но третото место ќе ве изненади. Центарот за истражување на соларната енергија и водородот во Баден-Виртемберг ги објави најпопуларните електрични во…

  • Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…

  • Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…

  • Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа…

  • Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…

  • Премиера на серијата Галакси С10 и флексибилниот Галакси Фолд (фото+видео)

    Премиера на серијата Галакси С10 и флексибилниот Галакси Фолд (фото+видео)

    Одбележувајќи декада од претставувањето на првиот Галакси С уред, Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) претстави нова серија премиум смартфони: Галакси С10 (Galaxy S10).…

  • Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…

  • Македонски Телеком бележи раст на добивката за 2018 година

    Македонски Телеком бележи раст на добивката за 2018 година

    Пораст  на бројот на корисници на широкопојасен интернет и IPTV услугите Нето добивката бележи раст од 2,5 отсто Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето…

  • Конзумирањето чаша млеко со мед дава големи придобивки

    Конзумирањето чаша млеко со мед дава големи придобивки

    Понекогаш најпростите намирници, кои секој ги има во кујната, можат да направат чудо за вашето здравје. Познатата изрека „чаша млеко и во кревет“ не е воопшто…

  • Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…