19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО11-ти „трипл-дабл“ за Јокиќ, Денвер загуби од Филаделфија

11-ти „трипл-дабл“ за Јокиќ, Денвер загуби од Филаделфија

Српскиот центар Никола Јокиќ го потврди „ол-стар“ рејтингот и против Филаделфија со нов трипл-дабл со учинок од 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции, додека Наџентси го запишаа третиот пораз во низа.

Џеј Џеј Редик беше одличен кај Филаделфија со 34 поени со шут за три поени 6/7 и дефинитивно го засени дебито на петте нови кошаркари: Бобан Марјановиќ, Тобијас Херис, Мајкл Скот, Талјер Енис и Џонатан Симонс.
Херис ги задоволи навивачите и во првиот натпревар постигна 14 поени, додека покрај Редик одличен беше Џими Батлер со 22 поени, па нешто послабиот учинок на Џоел Ембид не се почуствува. Камерунецот до последниот момент беше под знак прашалник за овој натпревар поради стомачни проблеми, но на крајот издржа и стигна до дабл-дабл – 15 поени, 12 скокови.

За Филаделфија ова беше 35-та победа, па сега со 20 порази е во егал со Бостон на четвртата позиција во источната конференција.

Деневер забележа благ пад, па Голден Стејт кој славеше против Феникс полека се „одлепува“ на врвот.

Далас на Лука Дончиќ забележа пораз на домашен терен од Милвоки со резултат 107:122.

Дончиќ беше најрасположен во редовите на Далас и натпреварот го заврши со учинок од 20 поени, две асистенции и три скока. Во победничкиот, а воедно и на натпреварот најефкасен беше Антетокумпо со 29 поени, пет асистенции и дури 17 скокови.

Резултати од НБА:

Вашингтон – Кливленд 119:106
Детроит – Њујорк 120:103
Филаделфија – Денвер 117: 110
Бруклин – Чикаго 106:125
Далас – Милвоки 107:122
Феникс – Голден Стејт 107:117
Њу Орлеанс – Минесота 122:117
Сакраменто – Мајами 102:96.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП