Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,310.00 0.63%    BESK 8,730.00 -3%    GRNT 832.42 0.19%    KMB 5,264.58 -0.83%    MPT 52,500.00 0.04%    MTUR 5,249.25 -0.01%    OHB 6,077.33 -1.18%    OKTA 4,295.55 -1.64%    SPAZ 18,000.00 0%    STB 1,142.25 -0.24%    TEL 299.11 -0.3%    TNB 15,965.40 0.95%    

Нант и Лазаров без одговор за ПСЖ во француското дерби

Време: 08:33

Датум: февруари 8, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пари Сен-Жермен под водство на поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес, со победа се врати во Лигата на шампионите по репрезентативната пауза, откако во големото француско дерби со 35:31 (18:15) го победи Нант на нашиот капитен Кирил Лазаров за да се зацврстат на првото место во групата Б.

Иако на двата тима им беа потребни дури пет минути да го постигнат првиот гол, кога „тргна“ машината на ПСЖ веднаш дојде во водство кое го зголемуваше во текот на првото полувреме до +7, пред на одмор да замине со 15:18 предност.

Во второто полувреме, Нант неколку пати успеваше да се доближи на само гол предност, но на крајот го запишаа петтиот пораз во ЛШ оваа сезона со кој се на четвртото место со 9 поени, еден повеќе од ППД Загреб во тесна трка за плеј-офот. ПСЖ имаат 10-1 скор и пет поени предност пред второпласираниот ПИК Сегед.

Лик Абало имаше седум гола за победниците, по шест имаа Хенрик и Микел Хансен, додека Уве Генсхајмер додаде пет во мрежата на домаќините. Лазаров повторно имаше солидна партија и беше најдобар стрелец на Нант со шест гола, колку што даде и Валеро Ривера.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Фановите на Реал бараат оставка од Флорентино Перез

    Фановите на Реал бараат оставка од Флорентино Перез

    Фановите на Реал Мадрид повикаа на оставка на претседателот на клубот Флорентино Перез за време на натпреварот со Хетафе, кој заврши 0:0. Непосредно пред одморот…

  • Надминете го хроничниот замор со неколку трикови

    Надминете го хроничниот замор со неколку трикови

    Ако заморот не ви помине после добриот сон, а не можете ни долго да спиете, многу е веројатно дека страдате од хроничен замор. Станува збор…

  • Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер

    Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер

    Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.…

  • Велипеток – најтешкиот ден во годината

    Велипеток – најтешкиот ден во годината

    Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта…

  • ЛШ: Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед

    ЛШ: Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед

    Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред…

  • LG ќе престане да произведува телефони во Јужна Кореја

    LG ќе престане да произведува телефони во Јужна Кореја

    LG планира да го прекине телефонското производство во својата јужнокорејска фабрика, според наводите на Reuters. Извештајот дополнително сугерира дека компанијата ќе го префрли производството во…

  • Необичен часовник инспириран од природата

    Необичен часовник инспириран од природата

    Кога првпат беше претставен за време на овогодинешната SIHH изложба, H.Moser & Cie Nature часовникот стана вистински спектакл. Многу луѓе мислеа дека во прашање е шега,…

  • Пропаднаа преговорите за спојување на Deutsche Bank и Commerz Bank

    Пропаднаа преговорите за спојување на Deutsche Bank и Commerz Bank

    Преговорите за спојување на двата водечки германски кредитори Deutsche Bank(DB) и Commerzbank завршија неуспешно. “Заклучивме дека придобивките од оваа трансакција нема да бидат доволни за…

  • Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

    Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

    Со Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група има шест од десетте најдобри регионални брендови Во средината на март, Атлантик група потпиша договор за соработка за…

  • СЗО: Пред екран не повеќе од еден саат

    СЗО: Пред екран не повеќе од еден саат

    Децата помали од една година не треба воопшто да имаат допир со екрани. Уредите станаа вообичаен дел од секојдневниот живот. Меѓутоа, проблемот е во тоа…