24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајлоши се во лигата, а вредат најмногу

Најлоши се во лигата, а вредат најмногу

Кошаркарската франшиза Њујорк Никс со четири милијарди долари е највредниот клуб во НБА лигата, објави „Форбс“. Никс веќе четири години се први на оваа престижна листа.

Според „Форбс“, вредноста на Никс пораснала за 11 отсто во однос на минатата година. Растот се должел на реновирањето на „Медисон Сквер Гарден“ во 2013 година што придонело за нови приходи.

Интересно Њујорк Никс вредата најмногу, а го имаат најлошиот резултат во лигата во овој момент. Никс досега во шампионатот забележале 10 победи и 43 порази.

Листата на „Форбс“ покажува дека со вредност од 3,7 милијарди на второто место се ЛА Лејкерс (бележат раст за 12 отсто), а потоа следуваат актуелните шампиони Голден стејт Вориорс (3,5 милијарди долари), Чикаго Булс (2,9) и Бостон Селтикс (2,8).

Просечната вредност на НБА клуб изнесува 1,9 милијарди долари, што во однос на минатата година претставува раст од 13 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП