Василије Ќорлука, главен креативен директор за Адриатик регион во Публицис Групацијата и Милан Стојанов, креативен директор во Публицис Македонија се дел од жирито на престижниот Њујоркшки адвертајзинг фестивал.

Во средината на јануари фестивалот ги објави имињата на членовите на своето големо жири (Grand Jury). Меѓу членовите на жирито се најдоа 11 менаџери и креативци од агенциите од регионот на поранешна Југославија.
Членовите на жирито беа избрани врз основа на препораките на членовите на жирито од минатата година на овој престижен фестивал. Исто така, членовите на жирито се и добитниците на наградите од фестивалот во 2018 година.
Членови на Големото жири од нашиот регион се:
Крајниот рок за пријавување на кампањите е 1 март 2019 година, а точниот датум на церемонијата за доделување награди ќе биде дополнително објавен.
New York Festivals Advertising Awards се одржува од 1957 година. Пријавените кампањи доаѓаат од повеќе од 50 земји, а ги оценува Големо жири кое брои над 400 членови. Потоа, за време на заседавање во живо во Њујорк, Извршното жири (Executive Jury) ги избира победниците врз основа на потесниот избор направен од Големото жири.