ПочетнаКУЛТУРАХристо Петрески добитник на меѓународната награда Радое Домановиќ

Христо Петрески добитник на меѓународната награда Радое Домановиќ

Годинашен добитник на највисоката меѓународна награда за книжевна сатира што се доделува во Република Србија е писателот Христо Петрески од Македонија.

Тој го доби признанието Екселенција на сатирата – награда Радое Домановиќ за најдобар странски сатиричар.

Покрај Петрески, оваа висока и значајна меѓународна награда ја добија и Сергеј Сидоров од Русија, Анджеј Маевски од Полска и Драган Копривица од Црна Гора.

Свеченото врачување на меѓународната награда Радое Домановиќ ќе биде на 22 февруари во Здружението на писателите во Белрад.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП