29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕл Класико во Купот на Кралот

Ел Класико во Купот на Кралот

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид ќе се сретнат во полу-финалето на националниот Куп. Втората полу-финална двојка ја формираа Бетис и Валенсија.

Една од наголемите пресметки во светот на фудбалот, популарно наречена „Ел Класико“, ќе се случи во полу-финалната фаза во Купот на Кралот.

Најголемите ривали во шпанскиот фудбал, ќе им пружат вистинско уживаење на фудбалските фанови бидејќи во само еден месец ќе одиграат три натпревари.

Имено првиот натпревар во Купот ќе се одигра во Барселона на 6 февруари, потоа следува реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ на 27 февруари. Трилогијата ќе заврши со првенствениот дуел на двата тима, кој ќе се одигра во Мадрид на 2.март.

Барселона и реал оваа сезона веќе одиграа еден натпревар. Во Ла Лига Барселона, тогаш без Меси, убедливо победи 5:1. По тој меч Хулен Лопетеги доби отказ на тренерската функција во Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП