25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЊукасл го шокираше шампионот, крај за победничката серија на Јунајтед

Њукасл го шокираше шампионот, крај за победничката серија на Јунајтед

Манчестер Сити е на пат даизлезе од битката за титулата, откако загуби на гостувањето кај Њукасл со 1:2 на „Сент Џејмс Парк“.

„Граѓаните“ поведоа уште во 25-тата секунда преку Агуеро, а освен тоа тимот тотално доминираше над противникот и пропушти неколку добри шанси за втор погодок.

До 60-тата минута, поседот на топката на тимот на Пеп Гвардиола беше скоро 80%.

Сепак по неколку промашувања, Рондон ги казни непријатно гостите по гол во 66-тата минута, а Ричи од пенал го донесе пресвртот и победата на домаќините во 83-тата минута.

По дуелот, Сити е втор со 56 поени и е 4 на поени од Ливерпул, кој има и меч помалку.

При победа во својот натпревар утре против Лестер дома, тимот од „Мерсисајд“ повторно ќе има предност од 7 поени пред актуелниот шампион.

Победничката бајка на Оле Гунар Солскјер на чело на Манчестер Јунајтед заврши, откако „црвените ѓаволи“ стигнаа до драматично реми 2:2 со Барнли среде „Олд Трафорд“.

Гостите одиграа одличен натпревар и на крајот успеаја да ги изненадат домаќините. Така серијата на Оле Гунар застана на осум последователни успеси, а седум од нив беа за првенство.

Со ова реми, Солскјер не успеа да го надмине постигнувањата на Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола од последователни победи во елитата на англискиот фудбал.

Резултати од Премиер лигата, 24 коло:

Арсенал – Кардиф 2:1
Фулам – Брајтон 4:2
Хадерсфилд – Евертон 0:1
Вулверхемптон – Вест Хем 3:0
Манчестер Јунајтед – Барнли 2:2
Њукасл – Манчестер Сити 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП