25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда на Вориорс во дебито на Казинс (видео)

Победа на Вориорс во дебито на Казинс (видео)

Стеф Кари постигна 28 поени, а Демаркус Казинс додаде 14 во своето деби за Голден Стејт вориорс, за шампионите да ја забележат својата седма победа во низа, овојпат со 112:94 на гости кај Лос Анџелес клиперс.

Казинс, кој пропушти речиси цела година по повредата на петата, по само 15 минути на теренот заработи пет лични грешки, а имаше просек 5-од-11 од поле и три тројки, а додаде и шест скока. Кевин Дурент додаде 24 пооени за Вориорс, додека Клиперс, кои сега имаат пет порази во низа беа предводени од Тобајас Херис (28 поени) и ГилгусАлександер (24 поени).

Кајри Ирвинг ја постигна одлучувачката тројка за Бостон селтикс да стигнат до 122:116 победа над Мемфис гризлис, победувајќи ги вторпат во двата дуели оваа сезона. Маркус Смарт и Ал Хорфорд исто така беа прецизни во финишот за тимот од Бостон да стигне до тесна победа. Мајк Конли имаше 26 поени за Гризлис, кои загубија четврти пат едноподруго.

Марко Белинели погоди две клучни слободни фрлања на 4.2 секунди пред крајот, а Ламаркус Олдриџ имаше 25 поени за Сан Антонио со 116:113 да ги победи Минесота тимбервулвс во Минеаполис во меч во кој имаше 27 промени за водство!

НБА натпревари:

Бостон – Мемфис 122-116

Детроит – Мајами 98-93

Орландо – Бруклин 115-117

Минесота – Сан Антонио 113-116

Јута – Кливленд 115-99

Портланд – Њу Орлеанс 128-112.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП