20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на мегдан со Шпанија

Ракометарите на мегдан со Шпанија

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе игра против Шпанија, во претпоследното коло во Б-групата на Светското првенство. Овој и утрешниот дуел со Исланд ќе го даде одговорот на прашањето дали Македонија ќе ги продолжи натпреварите во втората фаза.

Шпанија и Хрватска досега имаат по три победи и ја предводат табелата во Б-групата, а Македонија по стартните две победи над Јапонија и Бахреин, забележа пораз од Хрватска.

Квалитетот и традицијата секако се на страната на Шпанија. Македонија никогаш не ја победила „црвената фурија“ во досегашните шест меѓусебни пресметки. Со актуелните европски шампиони македонските ракометари играа на последните две големи натпреварувања, лани на ЕП и во 2017 на СП.

Најавите од нашиот табор се дека нема да има калкулации на дуелот со Шпанија. Доколку противникот понуди шанса, ракометарите се подготвени да ја искористат. Шпанија игра добро на овој турнир, но факт е дека пред два дена се мачеа за да ги освојат бодовите против Јапонија.

Дуелот во Минхен ќе почне во 20.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП