19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВориорс ги „растури“ Нагетс, Лејкерс конечно триумфираше (видео)

Вориорс ги „растури“ Нагетс, Лејкерс конечно триумфираше (видео)

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт доминантно со 142-111 го доби мега-дербито на Западот со Денвер и се врати на врвот на табелата во конференцијата.

Големата тројка Стеф Кари, Кевин Дурант и Клеј Томпсон беше клучна во победата која првакот почна да ја гради сигурно уште во воведната четвртина во која постигна 10 тројки поставувајќи клупски рекорд. Триото заедно уфрли 89 поени, Кари и Томпсон по 31, а Дурант 27 поени.

За Голден Стејт ова беше 30. победа во сезоната, петта последовна, има 14 порази и го предводи Западот. Денвер пак има идентичен број победи и еден пораз помалку на втората позиција.

Третопласираниот тим во Западната конференција, Оклахома останува високо на табелата и покрај тоа што има лоша резултатска серија. Го забележа четвртиот пораз на последните пет натпревари, загуби од Атланта со 142-126. Дури осуммина играчи на Атланта имаа двоцифрен учинок, а тимот го предводеше Џон Колинс кој постигна 26 поени, по 24 имаа Лен и Јанг. Расел Вестбрук со 31 поен беше прв на листата стрелци кај Оклахома.

Лос Анџелес Лејкерс кои и натаму се без лидерот, Леброн Џејмс им се вратија на победите по двата последовни пораза. Славеа на домашен терен над Чикаго со 107-100. Лонзо Бол со 19 поени и Кентавиус Колдвел-Поп со 17 го предводеа тимот до победата со која Лејкерс сега имаат идентичен биланс со Јута од 24 триумфи и 21 пораз и се на осмото и деветтото место во Западната конференција.

НБА резултати:

Индијана – Феникс 131:97

Филаделфија – Минесота 149:107

Атланта – Оклахома 142:126

Милвоки – Мајами 124:86

Денвер – Голден Стејт 111:142

Лос Анџелес Лејкерс – Чикаго 107:100

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП