19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо стартните две победи следи вистинскиот тест за ракометарите

По стартните две победи следи вистинскиот тест за ракометарите

Македонија натпреварите во Минхен ги почна онака како што посакуваше, со победи над Јапонија и Бахреин кои според сите параметри се аутсајдери во нашата група. Победите беа изборени убедливо со игра која ветува дека можат да се освојат потребните бодови кои ќе ни дадат влезен билет за Келн.

Но она вистинското започнува денеска од натпреварот со Хрватска. Хрватите се селекција од која немаме позитивни спомени, тие и вечерва ќе бидат голем фаворит, но Раул Гонзалез и неговите избраници се надеваат дека сега е моментот да се победи овој противник.

Победите над Јапонија и Бахреин ги наполнија со самодоверба и оптимизам нашите ракометари и тоа е добро. Хрватска нетипично за нив со скромни изјави отпатува на овој Мундијал, без амбиции за медал, но тоа е само нивен блеф, желбите на коцкестите се минимум полуфинале.

Постои чувство дека сега сме блиску до Хрватите како никогаш претходно иако нивниот ростер квалитативно е многу поголем од нашиот. Двете селекции многу добро се познаваат, Лино Червар ги знае сите наши ракометари, што како селектор на Македонија, што како тренер на Металург. Лука Циндриќ одмараше против Јапонија, со цел да биде максимално свеж за дуелот со нашата репрезентација, поранешниот Вардарец се очекува да го преземе главниот товар.

Со победа над Хрватска ќе направиме крупен чекор кон втората фаза, но пласманот во неа повторно ќе се решава во последното коло против Исланд. Доколку ние ја совладаме Хрватска, а загубиме од Исланд. Трите репрезентации би имале ист број на бодови по што ќе се креира мини табела во која ќе одлучува гол разликата од меѓусебните дуели на овие селекции.

Пех за нас е што во среда од 20:30 часот играме со Шпанија, а следниот ден во 18 часот ќе го почнеме тој клучен дуел со Исланд.

Поради тоа што имаме помалку од 24 часа од мечот со Шпанија до клучниот натпревар против Исланд, а немаме широк состав на искусни ракометари, логиката вели дека би можеле да го жртвуваме дуелот со Шпнците кои изгледаат супериорно.

Како и да е, од денска за Македонија почнува вистинсиот предизвик на Светското првенство, три дуели со европските репрезентации. Првиот противник е Хрватска и комплетниот фокус во моментов паѓа на нив. Натпреварот се игра со почеток од 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП