25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија го совлада Бахреин за втората победа на Светското првенство

Македонија го совлада Бахреин за втората победа на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација ја оствари втората победа на Светското првенство и ја оправда фаворитската улога против аутсајдерот во групата „Б“ – Бахреин.

„Жолто-црвените“ триумфираа со 28-23 (12-8) против азискиот тим и се веќе на чекор од пласман во главната фаза од Мундијалот, кој се игра во Германија и Данска.

Македонија имаше одличен старт на мечот, поведе со 6-2 но потоа дури 11 минути не реализиравме погодок, а Бахреин со серија од 5-0 дојде до водство од 7-6. Во финишот сепак направивме серија од 5-0 и на полувремето заминавме со предност од 12-8.

Во вториот дел избраниците на Раул Гонзалез ги презедоа работите во своите раце, поведоа со највисоки 23-15 и рутинирано ја довршија задачата. На петнаесетина минути пред крајот, шанса добија и младите Митревски, Крстевски и Серафимов од клупата.

Најефикасни поединци кај нашите беа Кире Лазаров со 8 и Дејан Манасков и Филип Кузмановски со по 4 гола. Капитенот беше прогласен и за „Играч на натпреварот“.

Македонија ќе одмора нешто повеќе од 24 часа, а веќе утре од 18 часот излегуваме против Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП