Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,997.21 2.49%    GRNT 860.00 3.42%    KMB 5,200.05 -0.07%    MPT 62,913.00 1.19%    OKTA 4,656.38 -0.08%    PPIV 41,102.00 0%    RMDEN10 98.00 -1.8%    RMDEN17 98.30 0%    SBT 2,350.00 -6%    SKP 54,000.00 0%    STB 1,012.09 -0.05%    TEL 290.00 0%    TKVS 5,350.00 -0.03%    TNB 15,499.05 -0.01%    UNI 2,067.06 -2.95%    

Словенецот сам ја победи Минесота, Харден продолжи во МВП форма (видео)

Време: 10:00

Датум: јануари 12, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

По подолго време, екипата на Далас Маверикс запиша гостинска победа. Лука Дончиќ со 28 поени, 12 асистенции и осум скока беше прво име во тимот на Рик Карлајл во славјето кај Минесота (115-119), која неколку пати се врати од двоцифрена негатива, но не успеа да направи целосен пресврт. Словенецот имаше фантастична завршница и постигна тројка за да ја запечати судбината на противникот.

Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден, со „трипл-дабл“ го одбележа вчерашното шутерско шоу на неговата екипа против Кливленд (141-113). Со 43 поени, 13 асистенции и десет скока, минатогодишниот МВП играч продолжи да реди неверојатни бројки зад своето име кои го прават фаворит за индивидуалното признание и оваа сезона во НБА лигата.

Донован Мичел конечно заигра на посакуваното ниво и со 33 поени ја предводеше Јута во триумфот над ЛА Лејкерс (113-95).

Шампионот Голден Стејт постигна над 40 поени во две четвртини и убедливо го совлад Чикаго (146-109). Трите ѕвезди на „воините“ запишаа над 20 поени и ја продолжија трката со Денвер за првата позиција на Западната конференција.

Екипата на Вашингтон го искористи отсуството на Јанис Антетокумпо за да го добие дербито на Истокот против Милвоки (113-106). Томас Саторански беше изненадувањето во домашниот тим со својот прв „трипл-дабл“ учинок во НБА кариерата со 18 поени, 12 скока и десет асистенции.

Фаворитот во Источната конференција Торонто очекувано славеше против Бруклин (122-105) во меч во кој дури осум домашни кошаркари запишаа двоцифрен број на поени.

Во останатите натпревари, Атланта ја шокира Филаделфија (121-123), Индијана се радуваше против Њујорк (106-121), а Портланд беше убедлив на мечот со Шарлот (127-96).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат…

  • Пристигнува најбрзиот полнач за мобилни телефони во светот

    Пристигнува најбрзиот полнач за мобилни телефони во светот

    Конкуренцијата во областа на брзите полначи станува се поостра. Иако би можело да се каже дека достигнавме ниво каде што брзините на полнење се доста…

  • Недовербата во вакцините претставува “глобална криза”

    Недовербата во вакцините претставува “глобална криза”

    Јавната недоверба кон вакцините значи дека светот презема чекор назад во борбата против смртоносните заразни болести кои можат да се спречат, предупредуваат експертите, пренесува BBC.…

  • Компаративна анализа на понудата на цените за роаминг

    Компаративна анализа на понудата на цените за роаминг

    Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во текот на месец јуни 2019 година, спроведе анализа за цените во роаминг кај четирите македонски оператори:…

  • Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во МЗ

    Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во МЗ

    Од 1 јануари 2020 година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе може да влезат во мрежата аптеки во Министерството за здравство и со…

  • САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

    САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

    Deutsche Bank се најде во проблеми поради можните пропусти со перење пари. Федералната влада на САД истражува дали Deutsche Bank постапила во согласност со законите за…

  • ,,Сакам добар однос со Кина и Русија”: Трамп потврди дека ќе се состане со Си Џинпинг и Владимир Путин следната недела

    ,,Сакам добар однос со Кина и Русија”: Трамп потврди дека ќе се состане со Си Џинпинг и Владимир Путин следната недела

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека следната недела ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин на самитот Г20 во Јапонија. Трамп за американскиот…

  • Печалбарите за летно раздвижување на економијата и животот во Тетово

    Печалбарите за летно раздвижување на економијата и животот во Тетово

    Доаѓањето на печалбарите и иселениците во Тетово во текот на летните месеци е надеж за голем број трговци дека во текот на летото ќе имаат…

  • Дали Реал и Барса влегуваат во „војна“ за Нејмар?

    Дали Реал и Барса влегуваат во „војна“ за Нејмар?

    Откако минатото лето преодниот рок помина во знакот на Кристијано Роналдо и неговото заминување во Јувентус, по сè изгледа ова лето ќе биде во знакот…

  • Совршено освежување: Направете го овој нискокалоричен пијалок од кајсии и телото ќе ви биде благодарно

    Совршено освежување: Направете го овој нискокалоричен пијалок од кајсии и телото ќе ви биде благодарно

    Дали знаете дека 100 грама кајсии имаат само 48 калории? Покрај тоа што се нискокалорични, ова слатко овошје е одличен извор на бета-каротен, витамин Ц,…