Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,400.00 0.3%    BESK 9,001.00 -0.97%    CKB 700.00 0%    CKBOA31 100.00 0%    GRNT 811.04 -1.69%    KMB 5,691.23 -0.14%    MERM 2,106.00 3.39%    REPL 76,000.00 0%    RMDEN16 98.20 0%    STB 1,198.00 -0.08%    STIL 114.00 0%    TEL 301.68 -1.09%    TKVS 5,354.55 -0.55%    

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во трка за „Златна мечка“

Време: 14:22

Датум: јануари 10, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Македонија за првпат во историјата на македонската кинематографија ќе учествува во главната селекција на Берлинскиот филмски фестивал со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска. Ова е прво учество на Македонија во главна конкуренција на еден од трите најголеми фестивали во светот, Кан, Берлин или Венеција по повеќе од дваесет години.

Приказната на „Господ постои, името и’ е Петрунија” се случува во Штип, каде што секоја година во јануари локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Среќата и просперитетот се загарантирани на човекот кој ќе го фати прв. Петрунија неочекувано се фрла во водата од каприц и успева да го фати крстот пред другите. Нејзините конкуренти се бесни – како се осмелува жена да учествува во нивниот ритуал? Настанува општ хаос, но Петрунија опстојува на своето. Таа го освои својот крст и нема да се откаже.

„Конечно сме во официјална натпреварувачка програма на еден од трите најзначајни, навистина најзначајни, и навистина најпрестижни фестивали. Ова е добиено со многу труд и многу работа, голема посветеност и макотрпно градење репутација на бескомпромисен, смел и особен уметнички израз и филмски јазик на Теона Стругар-Митевска. Јас сум убедена дека и претходните нејзини филмови заслужуваа ваков пласман, но едноставно ваков пробив не доаѓа брзо и едноставно. Со ова потенцирам дека стилот и јазикот што ги негува Теона се навистина специфични, можеби требаше време, повеќе од колку што ние би сакале, се разбира, но сепак, конечно е направен и тој пробив“, вели Лабина Митевска продуцент на филмот.

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, вели дека оваа вест е продолжение на континуитетот на успесите од минатата година и уште една потврда дека со силни критериуми и јасна стратегија македонската кинематографија може да се одмерува со најдобрите во Европа и во светот.

„Агенцијата за филм со големо задоволство ја дочека веста за влезот на македонски филм во официјална конкуренција на еден од трите најважни филмски фестивали во светот. Овој извонреден успех е продолжување на континуитетот од годината што измина кога имавме извондредно достигнување на престижниот Sundance со краткометражниот игран филм ‘Види ја ти неа’ во режија на Горан Столевски, кој ја понесе и наградата за најдобар краткометражен филм. Како продолжување на успехот е и овогодишната селекција на македонскиот документарен филм ‘Медена земја’ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кој влезе во строгата селекција на овој престижен филмски фестивал посветен на авторскиот и независен филм. Секако, не помал е и успехот за веста дека наш актер, Благој Веселинов, се вброи и во програмата Shooting Stars на Берлин, во конкуренција на десет најдобри млади европски актери. По долгогодишната апстиненција и невидливост на македонската кинематографија во селекциите на големите филмски фестивали, со нашиот интензивен фокус преку практикување на силни критериуми за поддршка, во краток период успеавме да дочекаме македонскиот филм да се одмери со најдобрите. Иако, македонската кинематографија кога е во прашање квантитетот не заостануваше бидејќи во период од 9 години се финансирани над 300 филмови, погрешните стандарди, вонфилмски влијанија, за жал, не му донесоа ништо добро на македонскиот филм. Но, кога се следат цврстите и јасни мерила за поддршка на професионалните продуцентски куќи, што подразбираат издржани и креативни проекти што кореспондираат со универзалните теми, доволно храбри да бидат конкурентни со трендот и манирот на европската и светската кинематографија, успехот е евидентен. Иако за проектот ‘Господ постои, името ѝ е Петрунија’ постоеја негодувања и негативни мислења, сепак, Агенцијата го препозна квалитетот и во манир на вистинска професионална институција ја помогна брзата и ефикасна реализација на проектот. Ни претставува особено задоволство што успехот на истиот ја оправда нашата доверба.Се трудиме да работиме посветено, внимателно и со голема одговорност, без протежирање на ‘наши’ и ‘ваши’, без нарачани проекти кои ќе бидат поддржани со јавни средства. И покрај фактот што наследивме огромни обврски, Агенцијата се соочува со најмал буџет од нејзиното постоење. Се надеваме дека стратегијата да создадеме квалитетна кинематографија ќе биде препознаена во огромната конкуренција на европски и светски филм“, вели Тозија.

„Господ постои, името и’ е Петрунија” е комплексна копродуција меѓу пет земји, Македонија, Франција, Белгија Словенија и Хрватска. Филмот е поддржан од фондот „Еуроимаж“ и Медиа фондот за развој на проекти. Буџетот на филмот е 1.400.000 евра, а од Македонската Агенција за филм доби 30.000,000 денари.

Филмот е сниман 6 недели во Штип во јануари и февруари 2018. Поспродукцијата е работена во Белгија, Франција и Словенија. Косценарист на Митевска е Елма Татарагич, директор на фотографија е Белгијката Виргиние Саинт Мартине, а сценограф е Вук Митевски. Костимографијата е на Моника Лорбер и шминката на Мојца Горогранц Петрушевска. Монтажерка на филмот е Мари Хелен Дозо, а дизајнер на звукот Ингрид Симон. Кастингот е на Киријана Николовска, прв асистент на режија Јане Кортошев, директор на филм Елена Станишева.

Главната улога на Петрунија ја игра Зорица Нушева, а останати улоги ги играат Сименон Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вујисиц, Џевдет Јасари, Виолета Шапковска, Андријана Колевска, Петар Мирчевски, Бајруш Мјаку, Илија Волчевски, Никола Кумев, Лабина Митевска, Игор Тодоров, Ненад Ангелкович, Владимир Тулиев.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тромбонистот на Џејмс Браун – легендарниот Фред Весли доаѓа во Скопје

    Тромбонистот на Џејмс Браун – легендарниот Фред Весли доаѓа во Скопје

    На 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе одржи концерт култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под…

  • Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

    Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

    На 20 Март, 2019 година со почеток од 20:30 часот, во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ на…

  • Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

    Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

    На барање на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, повторно ќе биде изведена на…

  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е распродаден за кино дистрибуција на 28 територии низ целиот свет По огромниот успех на…

  • Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

    Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

    Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни“ од Матеја Матевски, приредено од поетот Раде Силјан, денеска во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје,…

  • Објавени конечните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од културата за 2019

    Објавени конечните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од културата за 2019

    Министерството за култура соопшти дека на својата веб-страница ги објави финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година…

  • Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

    Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

    Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.…

  • Тамара на „Евровизија“ ќе настапи под името Северна Македонија

    Тамара на „Евровизија“ ќе настапи под името Северна Македонија

    ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот „Евросонг“ во Тел Авив во мај. Во известувањето се…

  • Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство  – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

    Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

    На 4 март 2019 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа работилница на тема ,,Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на…

  • Почина Кeит Флинт, фронтменот на “The Prodigy”

    Почина Кeит Флинт, фронтменот на “The Prodigy”

    Пејачот на групата “The Prodigy”, Кeит Флинт почина на возраст од 49 години, јавува “The Sun”. Веста за смртта на една од најголемите икони на…