24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНa настанот „Нов Дрес Нови Победи“ беше промовиран новиот национален дрес на...

Нa настанот „Нов Дрес Нови Победи“ беше промовиран новиот национален дрес на ракометарите

Денес во 14 часот во продавницата на официјалниот партнер на македонската ракометна репрезентација, Д спортска опрема, Ракометната Федерација на Македонија го промовираше новиот дрес со кој нашиот национален тим ќе настапи на престојното светско првенство во Германија и Данска.

Ова исто така беше одлична можност за фановите на македонскиот национален тим да се дружат и добијат автограм од нашите ракометари.

„Чест е да се биде партнер на оваа федерација. Се надевам дека ќе донесе среќа овој дрес и дај Боже да се повтори 2012 година за овој национален тим, но овој пат за разлика од тогаш да се дојде до еден медал“, истакна Борожиќ на промоцијата.

„Многу сум задоволен од она што досега е покажано на тренинзите, играчите тренираат со силно темпо. Знаеме дека нема да биде лесно, против себе ќе имаме силни репрезентации, ќе ни треба поддршка, очекувам да имаме помош од навивачите. Ние ќе им возвратиме на наш начин, очекувам Македонија да игра убав ракомет на ова Светско Првенство. Не можеме сега да прогнозираме, одиме чекор по чекор и ќе бидеме подготвени за сите предизвици“, вели селекторот Гонзалес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП