Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,997.21 2.49%    GRNT 860.00 3.42%    KMB 5,200.05 -0.07%    MPT 62,913.00 1.19%    OKTA 4,656.38 -0.08%    PPIV 41,102.00 0%    RMDEN10 98.00 -1.8%    RMDEN17 98.30 0%    SBT 2,350.00 -6%    SKP 54,000.00 0%    STB 1,012.09 -0.05%    TEL 290.00 0%    TKVS 5,350.00 -0.03%    TNB 15,499.05 -0.01%    UNI 2,067.06 -2.95%    

Жените и работата – повеќе труд за помалку пари

Време: 15:09

Датум: јануари 2, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Жените во просек работат повеќе од мажите, но заработуваат помалку – потешко напредуваат во кариерата, поретко добиваат покачувања и бонуси. Ова е правило не само во Македонија туку и во останатите земји, дури и најразвиените членки на Европската Унија се соочуваат со родова нееднаквост.

Од 759.445 вработени во Македонија 39% се жени, а 61% се мажи. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во работен однос се 296.105 жени, а 463.340 се мажи. Од невработените 122.957 се мажи, а 76.368 се жени.

Податоците покажуваат дека жените се многу помалку активни на пазарот на труд од мажите – неактивното население брои 724.127 луѓе, од нив 256.038 (35.4%) се мажи а дури 468.089 (64.6%) се мажи.

Македонската државна статистика нема податоци за просечната плата според полот односно за разликите во приходите меѓу мажите и жените, но оние кои се бават со оваа проблематика велат дека има големи отстапувања.

„Се уште стереотипите и предрасудите за определба на професија на жените кои се пониско вреднуван. Може да кажеме дека жената е се уште многу дискриминирана“, сметаат во Националниот совет за родова рамноправност.

Според истражувањето на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“ во Македонија жените во просек заработуваат 12.5% помалку од мажите.

„Од економски аспект, жените се уште не се еднакви со мажите во Македонија. Имаат помала активност на пазарот на труд, имаат повисока невработеност и во просек заработуваат помалку“, велат во „Finance think“.

Поради родовата нееднаквост и малото учество на жените на пазарот на труд се прават загуби од околу 15 проценти во Бруто домашниот производ, пресметале експертите на Светската банка.

Дел од причините за ова, Светска банка ги гледа во тоа што жената е онаа која се уште ги чува децата или се грижи за старите лица во семејството и нема време да се вклучи на пазарот на труд.

Нивните истражувања покажуваат дека во Македонија само 450% од жените на возраст од 15 до 24 години се вработени или се обучуваат, а околу 60% не прават ништо иако имаат соодветно образование и квалификации.

Од друга страна анализата „Еднаква моќ за жените“ покажува дека жени менаџираат во 33% од компаниите, а во 27% се јавуваат и како сопственички.

Анализите на Евростат покажуваат дека на ниво на Европската Унија (ЕУ) жените во просек добиваат околу 20% пониски плати од мажите. Разлика има во сите земји членки. Најмали разлики од 5.5% има во Луксембург и Италија, а најголеми од 27% во Естонија, како и од 22% во Чешка, Австрија и Германија.

Податоците на Евростат покажуваат дека за секое 1 евро што ќе го заработат мажите, нивните колешки за истата работа добиваат по 84 евро центи.

Нееднаквоста меѓу мажите и жените на пазарот на трудот во ЕУ не постои само во висината на платите, туку и во раководните позиции што ги заземаат. Така, во 2015 година само една третина од менаџерите во ЕУ биле жени, иако припадничките на понежниот пол учествуваат со 43% во вкупната работна сила.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Западните санкции Русија ја чинеа 50 милијарди, а ЕУ 240 милијарди долари

    Западните санкции Русија ја чинеа 50 милијарди, а ЕУ 240 милијарди долари

    Западните санкции ја чинеле Русија 50 милијарди долари, а ЕУ 240 милијарди долари од 2014 година, изјавил рускиот претседател Владимир Путин за време на годишната…

  • Поврат на ДДВ – најголем ќар за најбогатите

    Поврат на ДДВ – најголем ќар за најбогатите

    Наместо помош за најсиромашните, поддршка за најбогатите. Економскиот институт Finance Think пресмета дека од мерката „Поврат на ДДВ“ најмногу ќар ќе имаат оние со највисоки…

  • Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат…

  • Недовербата во вакцините претставува “глобална криза”

    Недовербата во вакцините претставува “глобална криза”

    Јавната недоверба кон вакцините значи дека светот презема чекор назад во борбата против смртоносните заразни болести кои можат да се спречат, предупредуваат експертите, пренесува BBC.…

  • Компаративна анализа на понудата на цените за роаминг

    Компаративна анализа на понудата на цените за роаминг

    Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во текот на месец јуни 2019 година, спроведе анализа за цените во роаминг кај четирите македонски оператори:…

  • Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во МЗ

    Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во МЗ

    Од 1 јануари 2020 година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе може да влезат во мрежата аптеки во Министерството за здравство и со…

  • ,,Сакам добар однос со Кина и Русија”: Трамп потврди дека ќе се состане со Си Џинпинг и Владимир Путин следната недела

    ,,Сакам добар однос со Кина и Русија”: Трамп потврди дека ќе се состане со Си Џинпинг и Владимир Путин следната недела

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека следната недела ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин на самитот Г20 во Јапонија. Трамп за американскиот…

  • Печалбарите за летно раздвижување на економијата и животот во Тетово

    Печалбарите за летно раздвижување на економијата и животот во Тетово

    Доаѓањето на печалбарите и иселениците во Тетово во текот на летните месеци е надеж за голем број трговци дека во текот на летото ќе имаат…

  • ФЕД сигнализира намалување на каматните стапки

    ФЕД сигнализира намалување на каматните стапки

    Федералните резерви на САД (ФЕД) сигнализираа намалување на каматните стапки уште во јули, велејќи дека тие се подготвени да се борат против растечките глобални и…

  • Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

    Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

    Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава…