23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВечер за паметење на Нуркиќ и Јокиќ, нов пораз за Клиперси (видео)

Вечер за паметење на Нуркиќ и Јокиќ, нов пораз за Клиперси (видео)

Балканците Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ одиграа нови фантастични партии за своите екипи и ја одбележаа првата НБА ноќ во новата 2019 година.

Екипата на Портланд конечно врза две победи по ред, откако на гости по продолжението успеа да слави голема победа на гости кај Сакраменто Кингс. Блејзерси одиграа одлично прво полувреме, стекнаа висока предност, но истата беше анулирана во следните две четвртини, па победникот мораше да се решава по дополнителните минути.

Во нив блескаше Нуркиќ и на со скор од 24 поени, 23 скока, седум асистенции, пет украдени топки и пет блокди испиша историја и донесе значајна победа за својата екипа. Со овој биланс босанскиот кошаркар стана првиот кошаркар во НБА историјата со пополнети сите статистички категории, а со запишани повеќе од 20 поени и скокови.

Денвер Нагетс на погонот на српскиот центар Јокиќ ја забележа својата 24 овосезонска победа во елитното друштво. Нагетси пред својата публика со сигурни 115-108 славеше на дуелот против Њујорк Никс, а голем удел во оваа победа имаше токму Јокиќ, кој мечот го заврши со со трипл-дабл учинок. За нешто повеќе од 34 минути на паркетот, постигна 19 поени, а додаде уште и 15 асистенции, 14 скока и три блокади.

Иако беше еден од најголемите фаворити за првата позиција на Западната конференција, екипата на Лос Анџелес Клиперс повторно ги разочара своите фанови, откако на свој терен беше немоќна во дуелот против Филаделфија 76-ерс (113-119). Ембилд со 28 и Ридик со 18 поени беа најпрецизни во домашниот табор, додека кај Клиперски солидни беа Вилијамс, Галинари и Харис. Српските репрезентативци Марјановиќ и Теодосиќ не добија шанса за докажување.

НБА резултати:

Торонто – Јута 122:116
Милвоки – Детроит 121:98
Денвер – Њујорк 115:108
Сакраменто – Портланд 108:113
ЛА Клиперс – Филаделфија 113:119

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП