24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпектакуларна пресметка на Јокиќ и Дончиќ, Леброн не може сам (видео)

Спектакуларна пресметка на Јокиќ и Дончиќ, Леброн не може сам (видео)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер го добија дуелот против Далас 126:118 и ја задржаа челната позиција во Западната конференција.

Јокиќ доминираше на двете страни во рекетот и за помалку од 35 минути постигна 32 поени, на кои придодаде 16 скока, четири асистенции и две украдени топки. Дабл-дабл од 23 поени, 12 скока и шест асистенции, запиша и играчот на Далас, Дончиќ.

Во седмиот последовен триумф на домашен терен кај Денвер се истакна и Џамал Мареј (22 поени, седум скока, 13 асистенции).

Кај Далас одличен беше и Херисон Барнс кој со 30 поени го предводеше тимот.

Денвер има скор од 21 победа и девет порази, а Далaс е на 15/14.

Бруклин Нетс шестата победа во низа ја забележаа над ЛА Лејкерс (115:110). Бруклин го предводеа Данџело Расел со 22 поени и 13 асистенции, односно Џо Херис со 19 поени.

Леброн Џејмс на другата страна не успеа да го спречи шестиот пораз во низа на „езерџиите“. Џејмс натпреварот го заврши со 36 поени, 13 скока и осум асистенции.

Кливленд славеше во Индијанаполис со 91-92, иако настапи без Кевин Лав, Џордан Кларксон и Тристан Томпсон. Лери Ненс Џуниор погоди со звукот на сирената и донесе значајна победа за вицешампионот.

Значајна победа оствари Атланта која ја совлада екипата на Вашингтон со 118-110.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП