23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбложувалниците не веруваат во Реал, Сити се први фаворити за титулата

Обложувалниците не веруваат во Реал, Сити се први фаворити за титулата

Манчестер Сити, според водечките светски обложувалници, ја имаат пол-позицијата за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Согласно резултатите во досегашниот дел од сезоната, Реал Мадрид, тимот што доминираше изминатите три сезони, не е ниту меѓу првите пет фаворити.

Актуелните шампиони на Англија, Манчестер Сити, иако стартуваа со домашен пораз од Олимпик Лион, лесно го освоија првото место во групата во која уште беа Лион, Шахтјор и Хофенхајм.

Според обложувалниците, коефициентот дека тимот што го предводи Пеп Гвардиола ќе го освои трофејот изнесува 4,5, односно на една вложена фунта заработката е 4,5 фунти.

Зад „граѓаните“ е Барселона со коефициент 6, а трет фаворит е Јувентус, сезонава засилен со Кристијано Роналдо, со коефициент 7.

Обложувалниците не веруваат многу ниту во Пари Сен Жермен, екипа која во напаѓачката линија (Нејмар и Килијан Мбапе), вложи 402 милиони евра. Коефициентот на Пари Сен Жермен изнесува 8,5. Шансите дека минато сезонскиот финалист, Ливерпул, ќе направи чекор повеќе се 1:10, а барем коефициент 11 имаат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе биде извршена на 17.декември, в понеделник, во Нион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП