28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Брадата“ со нестварен трипл-дабл ги сруши ЛА Лејкерс (видео)

„Брадата“ со нестварен трипл-дабл ги сруши ЛА Лејкерс (видео)

Синоќа се одиграа четири натпревари во НБА лигата, а на сите поуспешни беа домаќините. Во дерби натпреварот во Тексас, кошаркарите на Хјустон Рокетс славеа победа против Лос Анџелес Лејкерс со 126-111. Мечот беше неизвесен, „ракетите“ во поголемиот дел имаа позитива, а „езерџиите“ во неколку наврати успеваа да се вратат во игра, на моменти и да поведат, но на крајот победата ја однесоа домаќините.

Најзаслужен за триумфот на Хјустон беше Џејмс Харден, кој мечот го заврши со „трипл-дабл“ (50 поени, 10 скока и 11 асистенции), а Клинт Капела дополни со 16 поени. Во тимот на Лејкерс прв стрелец беше Леброн Џејмс со 29 поени, но на крајот тие беа недоволни за позитивен резултат.

Лука Дончиќ и неговиот Далас Маверикс неочекувано се поразени од тимот на Феникс Санс со 99-89, а за „сонцата“ победата против Мавси беше само петта оваа сезона, прва по десет порази по ред. Најзаслужен за истата беше Тиџеј Ворен со 30 поени, а Џамал Крафорд мечот го заврши со 17 поени. Во тимот на Далас, најефикасен беше Харисон Барнс со 15 поени, а Лука Дончиќ мечот го заврши со 13 постигнати поени.

Во останатите два натпревари, кошаркарите на Сан Антонио Спарс славеа убедлива победа против Лос Анџелес Клиперс од 125-87, а Орландо Меџик на домашен терен го совлада тимот на Чикаго Булс со 97-91.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП