20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрактикантите ќе добиваат надоместок од 42 до 74 отсто од минималната плата

Практикантите ќе добиваат надоместок од 42 до 74 отсто од минималната плата

Владата на 107. седница го усвои и до Собранието ќе го достави предлог-законот за практиканство.

Законот ќе овозможи целосно да се искористи потенцијалот на практичната работа, како и голем број млади невработени лица без практично искуство одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што тие ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот.

Предлог-законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавецот да добива месечен надоместок, и тоа: од 42 до 74 отсто од минималната нето-плата за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата за практикантска работа над три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП