19 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилвоки победник во дербито на Источната конференција (видео)

Милвоки победник во дербито на Источната конференција (видео)

Дербито на Истокот помеѓу Торонто и Милвоки донесе гостинска победа за Бакси, кои се вратија на победничките патеки, по неуспехот на домашен терен против шампионот Голден Стејт.

Вчера го совладаа лутиот ривал за првото место во конференцијата најмногу благодарение на тимската игра. Јанис Антетокумпо со 19 поени и исто толку скока беше прво име кај гостинската екипа, кој минатиот меч за првпат оваа сезона не успеа да ја надмине границата од 100 поени.

Репторси влегоа во мини криза, запишувајќи го вториот пораз на последните два меча. Очајна статистика на оваа средба имаше Кајл Лаури, кој не постигна ниту еден поен и додели само седум асистенции.

По триумфот над ЛА Лејкерс пред својата публика, Сан Антонио стигна до нов успех, овојпат против променливата оваа сезона Јута. Дерозан одново беше прв стрелец за Спарси, а доби помош од одличниот Руди Геј, кој го заврши мечот со 23 поени и 15 скока.

Во последниот меч, Шарлот го освои „Медисон Сквер Гарден“ и лесно се справи со екипата на Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП