25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ: Модриќ е гордост на регионот

Ѓоковиќ: Модриќ е гордост на регионот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на играчот од Реал Мадрид, Лука Модриќ, за освојувањето на „Златната топка“.

Србинот на Твитер напиша:

  • Сите честитки за драгиот Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено. Горд момент за нашиот регион кој го доби најдобриот фудбалер на светот.

Модриќ доби најмногу гласови во изборот на „Франс Фудбал“ пред Кристијано Роналдо од Јувентус и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

33-годишниот Хрват го освои сребрениот медал на Светското првенство 2018 година и Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП