25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој беше Љубиша Георгиевски

Кој беше Љубиша Георгиевски

Љубиша Георгиевски (30 мај 1937, Битола – 6 декември 2018, Скопје) — театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Како политичар, бил претседателски кандидат (1994), амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Зборувал англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служел и со словенечки, полски и романски јазик.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.

Утринава, почина на 81-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП