25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАзар се договорил со Реал

Азар се договорил со Реал

Еден Азар ги договорил личните услови со Реал, а трансферот во Мадрид ќе биде реализиран во летниот преоден рок, објавија шпанските медиуми.

Белгиецот има договор со Челси до 2020 година, клубот е подготвен да ја продолжи соработката, поради што му нуди неделна плата од 335.000 евра (300.000 фунти). Сепак, Челси е подготвен да го продадат доколку тој не го прифати новиот договор. Во овој момент јасно е само дека Азар ќе остане до крајот на оваа сезона на „Стенфорд Бриџ“.

Шпанците пишуваат дека Челси за Белгиецот бара 170 милиони евра. Реал е подготвен и да ја плати оваа сума, а ќе се обиде во цената да го вклучи трансферот на Матео Ковачиќ, кој оваа сезона како позајмен играч ја игра во екипата од Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП