16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКому му следува К-15? Остануваат уште три недели за исплата!

Кому му следува К-15? Остануваат уште три недели за исплата!

До крајот на годината вработените во приватниот сектор треба да добијат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15…

На сметките треба да легнат по најмалку 9.610 денари

Оваа година К-15 е повисок од лани – се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40% од износот). Оттука сумата која треба да легне на трансакциските сметки не смее да биде помала од 9.610 и поголема од 14.090 денари.

„Даночната регулатива дозволува на работодавачот во даночниот биланс да му биде признаен како трошок и износот 40% од просечната бруто плата“ објаснуваат од Сојузот на синдикати (ССМ).

За да добие регрес за годишен одмор работникот мора да бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Дел од газдите си поигруваат со исплатата

Фирмите имаат рок до 31 декември за исплата на К-15, во спротивно може да заработат глоби до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е и затворска казна до една година.

И покрај сериозните глоби, дел од газдите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш. Луѓето се плашат за своето работно место, па често без да се побунат го прават токму ова.

Кои сектори исплаќаат највисок К-15?

Највисок регрес обично добиваат вработените во секторот снабдување со електрична енергија, пареа и гас; а најмал оние од угостителството.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика содржани во публикацијата за годишните трошоци на работодавците кон работниците кои се однесуваат на 2017-та година.

Така, регрес за годишен одмор (К-15) плус празнични бонуси (дневници) вкупно во просек од 21.927 денари добиле работниците од секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

По висината на К-15, следни се вработените во банките и осигурителните компании со 16.903 денари вкупно за регрес и празнични дневници.

Во секторот информации и комуникации исплатени биле 11.982 денари на овој основ, а оние што се занимаваат со недвижнини добиле 11.510 денари. Вработените во секторот за водоснабдување добиле 11.368 денари, а на тие во образованието им биле исплатени 11.200 денари.

Работниците во индустријата вкупно од двете категории заедно земале само 8.670 денари, рударите добиле 10.816, градежниците 9.542, продавачите, дистрибутерите и останатите во трговијата, 10.317.

Докторите, медицинските сестри, болничарите и другите здравствени работници, заедно со социјалните во просек им било префрлено на сметка 9.478 денари по основ регрес и бонуси.

Келнерите и хотелиерите добиле само 8.009 денари, администраторите примиле 6.205, а уметниците 7.431.

К-15 беше вратен пред четири години

Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.

„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач… Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор“ стои во Општиот колективен договор.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП