Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Џорџ броеше до 47, Кари и Леброн до 42 (видео)

Време: 09:43

Датум: декември 6, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пол Џорџ, Леброн Џејмс и Стеф Кари, изминатата ноќ во НБА лигата постигнаа повеќе од 40 поени, во победите на своите тимови.

Оклахома Сити Тандер забележа победа над Бруклин Нетс 114:112. Џорџ на три секунди до крајот на мечот погоди тројка за победа на Тандер.

Крилниот кошаркар одигра неверојатен меч, тој постигна 47 поени, на кои придодаде 15 скока. Џорџ 23 коша реализираше во последната четвртина, во која Оклахома успеа да ја стигне негативата од 20 поени.

Покрај Џорџ, кај Тандер се истакна и расел Вестбрук со нов трипл-дабл (21 поени, 15 скока, 17 асистенции).

Со оваа победа Оклахома има скор 16-7 и се наоѓа на второто место на Западот.

Голден стејт Вориорс, во реприза на минатосезонското финале, гостуваа во Охајо и ги декласираа Кливленд Кавалирс со 129:105.

Клучната предност Вориорс ја направија во третата четвртина, во која постигнаа 37, а примија 22 коша.

Стеф Кари постигна девет тројки од 14 обиди, а натпреварот го заврши со 42 поени, девет скока и седум асистенции, а на Кевин Дурент му недостигаше една асистенција за трипл-дабл (25 поени, 10 скока, девет асистенции).

Актуелните шампиони со скор 17-9 се на четвртата позиција на Западот.

ЛА Лејкерс забележаа победа над Сан Антонио Спарс 121:113. Тимот до 15. победа во сезоната го предводеше Леброн Џејмс со 42 поени, пет скока, шест асистенции и две украдени топки.

Леброн успеа да го неутрализира учинокот на Демар Дерозан и Руди Геј на спротивната страна, кои искомбинираа 63 поени. Дерозан забележа 32 поени и седум скока, а Геј 31 поени и седум скока.

Далас Mаверикс претрпе убедлив пораз во пресметката со Њу Орлеанс Xорнетс (106-132), а една од причините за тоа беше нешто полошата игра на Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со само осум поени, четири скока и шест асистенции.

Со трипл-дабл флертуваше Србинот Никола Јокиќ, кој со 12 поени, 13 асистенции и осум скокови беше меѓу најзаслужните за триумфот на Денвер Нагетс на гости кај Орландо Mеџик (124-118), седми во низа за овој клуб.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Голден Стејт 105-129, Орландо – Денвер 118-129, Атланта – Вашингтон 117-131, Бруклин – Оклахома 112-114, Торонто – Филаделфија 113-102, Мемфис – ЛА Клиперси 96-86, Милвоки – Детроит 115-92, Минесота – Шарлот 121-104, Њу Орлеанс – Далас 132-106, ЛА Лејкерси – Сан Антонио 121-113.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

    Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

    Друштвото во првите шест месеци од 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги  како и од други споредни дејности оствари  негативен финансиски…

  • ДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

    ДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

    Јога диетата претставува збир на правила кои иако се крајно едноставни, даваат одлични резултати видливи на вагата, но и на телесните пропорции. Не мора да…

  • Хигиената на прво место: Работи кои никако НЕ смеете да ги делите со други лица

    Хигиената на прво место: Работи кои никако НЕ смеете да ги делите со други лица

    Хигиената секогаш треба да ви биде на прво место, за да го сочувате вашето здравје и здравјето на луѓето околу вас. – За почеток немојтее…

  • Се повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

    Се повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

    Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува збор за ризици коишто можат…

  • Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

    Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

    Американската престолнина денеска објави прокламација со која 2 август се прогласува за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон. Прокламацијата е донесена по иницијатива на Обединета…

  • Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со…

  • НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

    НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

    НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставува намалување за 26,8% во однос…

  • Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 51,…

  • Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува „Спутник“. „ Во моментов е…

  • „Hilton“ објави загуба од 430 милиони евра и очекува долго закрепнување

    „Hilton“ објави загуба од 430 милиони евра и очекува долго закрепнување

    Американската хотелска групација „Hilton“ предупреди дека има „долг пат“ да се опорави, откако ги објави еден од најлошите квартали во историјата, бидејќи пандемијата ја турна…