Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Може ли полошо на „Олд Трафорд“? Секако, дека може и покрај низата од четири меча без победа на Манчестер јунајтед. Домаќините успеаја да извлечат 2:2 реми во дербито со Арсенал, откако примија два смешни голови, но тоа сигурно нема многу да ги израдува навивачите на „ѓаволите“.
Шкодран Мустафи во 26. минута постигна еден комичен гол, откако Давид де Хеа некако ја пропушти топката низ раце по „млакиот“ удар со глава. За среќа на домашните фанови, Јунајтед се вратија бргу, кога во 30. минута, Антони Марсијал најдобро се снајде во шестнаесетникот на „топчиите“.
Во 68. минута, нова смешна сцена пред голот на Де Хеа. Александер Лаказет беше „покосен“ од одбраната на домаќините, но топката некако најде пат до голот. Јунајтед повторно бргу реагираа и веќе во следната минута Џеси Лингард израмнува за 2:2. Недоволно за фановите, но најверојатно доволно за Жозе Мурињо да остане на клупата.
Во сенка на дербито на „Олд Трафорд“, Ливерпул успеа да „држи ритам“ со шампионите Манчестер сити по 3:1 победата на гостувањето кај Барнли за да се доближи на два поени до нив, но Челси го доживеа вториот пораз во последните три меча, откако во Вулверхемптон пропуштија водство за 2:1 пораз.
Рубен Лофтус-Чик ги донесе Челси во водство по асистенцијата на Еден Азар во 18. минута, но „волците“ во само четири минути во второто полувреме ги „нокаутираа“ гостите со головите на Хименез и Жота. Ова е прва победа на Вулверхемптон по седум меча!
Ливерпул пак, губеше на „Турф Мур“ со голот на Корк во 52. минута, пред да се врати со головите на Милнер, Фирмино и Шаќири за четврта победа во низа.
Сега, Сити имаат 41 поен на врвот, Ливерпул се втори со 39, Тотенхем по лесната победа над Саутемптон се трети со 33. Челси и Арсенал имаат по 31, а Манчестер јунајтед се само осми со 23 поени.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 15.КОЛО
Барнли – Ливерпул 1:3
Евертон – Њукасл 1:1
Фулам – Лестер 1:1
Вулверхемптон – Челси 2:1
Манчестер јунајтед – Арсенал 2:2
Тотенхем – Саутемптон 3:1
Ако ова лето сакате да побегнете далеку, на обалите од кристално чистиот океан прекриени со прекрасниот бел песок и украсени со палми, Малдивите се вистинското…
Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија во четвртиот квартал од 2018-та година, откако извозот не успеа да ја зголеми економијата, објави…
„Четири големи клубови се свесни дека во Иван Ракитиќ можат да добијат сјаен играч голем професионалец“. Ова го пишува изданието на „Мундо Депортиво“ во Шпанија.…
Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката, Наташа…
Едноставен за подготовка, а исклучително здрав – оваа здрава и вкусна комбинација е идеална за сите оние кои не поднесуваат лактоза. Овој милкшејк не само…
Во современиот свет постојат митови кои велат дека успешните луѓе спијат само четири часа, дека постигнуваат да ги завршат сите свои дневни обврски, дека ништо…
Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8…
Новата шпанската марка „Cupra“, која до неодамна беше поделба на „Seat“ во Женева ќе претстави прототип на спортски кросовер чија сериска верзија ќе излезе на…
Гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја заштити Европската унија, велејќи дека тој обезбедува начин на земјите да го бранат суверенитетот во се…
Се чувствувате исцрпено и речиси едвај се движите, очигледно е дека ви недостасува енергија. Овие намирници можат да ви помогнат околу тоа прашање, каснете си…