Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Муамед Сејдини: Секогаш ќе се бориме за решенија кои му помагаат на фудбалот

Време: 14:53

Датум: декември 5, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Муамед Сејдини , в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ на работен состанок ги пречека градоначалниците на Чаир, Висар Ганиу и Охрид, Јован Стојаноски, општини кои заедно со ФФМ се дел од новиот инфраструктурен проект за реконструкција и изградба на две трибини на стадионите „Чаир“ и „Билјанини Извори“.

Раководството на ФФМ одржа конструктивен ссотанок околу заедничкиот проект со двете општини поврзан со подобрување на фудбалската инфраструктура.

Првите луѓе во општините Чаир и Охрид и в.д. претседателот на ФФМ се согласија околу важните прашања поврзани со изградбата на трибините и заклучија дека соработката меѓу локалната самоуправа и федерацијата мора да се продлабочи и да постои заеднички интерес кога е во прашање понатамошниот развој на спортската инфраструктура.

Во Фудбалската федерација размислуваме позитивно и контструктивно. Затоа овие проекти се насочени кон тоа да ја подобриме не само инфраструктурата на стадионите, туку и да го унапредиме нашиот однос со општините во државата сѐ со цел во иднина да соработуваме и за многу поголеми проекти. Мораме да сфатиме дека инфраструктурата е тоа што ќе остане, верувам дека тој начин на размислување и делување во вистинска смисла го сфаќаат сите кои се вклучени во оваа работа. Им благодарам на двајцата градоначалници за довербата и се надевам дека нашиот однос само ќе го унапредуваме, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, претходно доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти за двата стадиони од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Луксузниот Vilu Reef Beach & Spa Resort (фото)

    Луксузниот Vilu Reef Beach & Spa Resort (фото)

    Ако ова лето сакате да побегнете далеку, на обалите од кристално чистиот океан прекриени со прекрасниот бел песок и украсени со палми, Малдивите се вистинското…

  • Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија

    Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија

    Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија во четвртиот квартал од 2018-та година, откако извозот не успеа да ја зголеми економијата, објави…

  • Ракитиќ го сакаат четири великани, ПСЖ, Баерн, Интер и Јунајтед!

    Ракитиќ го сакаат четири великани, ПСЖ, Баерн, Интер и Јунајтед!

    „Четири големи клубови се свесни дека во Иван Ракитиќ можат да добијат сјаен играч голем професионалец“. Ова го пишува изданието на „Мундо Депортиво“ во Шпанија.…

  • Со помош од Шведска ќе се подобруваат условите во битолската болница

    Со помош од Шведска ќе се подобруваат условите во битолската болница

    Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката, Наташа…

  • Ослободете се од холестеролот со овој милкшејк

    Ослободете се од холестеролот со овој милкшејк

    Едноставен за подготовка, а исклучително здрав – оваа здрава и вкусна комбинација е идеална за сите оние кои не поднесуваат лактоза. Овој милкшејк не само…

  • Најголемите митови за успешните луѓе

    Најголемите митови за успешните луѓе

    Во современиот свет постојат митови кои велат дека успешните луѓе спијат само четири часа, дека постигнуваат да ги завршат сите свои дневни обврски, дека ништо…

  • Тевдовски: Продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ

    Тевдовски: Продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ

    Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8…

  • Cupra Formentor изгледа „опасно“ (фото+видео)

    Cupra Formentor изгледа „опасно“ (фото+видео)

    Новата шпанската марка „Cupra“, која до неодамна беше поделба на „Seat“ во Женева ќе претстави прототип на спортски кросовер чија сериска верзија ќе излезе на…

  • Драги: ЕУ го брани суверенитетот во глобализираниот свет

    Драги: ЕУ го брани суверенитетот во глобализираниот свет

    Гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја заштити Европската унија, велејќи дека тој обезбедува начин на земјите да го бранат суверенитетот во се…

  • Што да конзумирате доколку сте изнемоштени и имате недостаток на енергија

    Што да конзумирате доколку сте изнемоштени и имате недостаток на енергија

    Се чувствувате исцрпено и речиси едвај се движите, очигледно е дека ви недостасува енергија. Овие намирници можат да ви помогнат околу тоа прашање, каснете си…