20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси му нудат 17 милиони евра годишно на Азар

Челси му нудат 17 милиони евра годишно на Азар

Челните луѓе на Челси вложуваат максимални напори за да го убедат својот најдобар фудбалер, Еден Азар, да остане во клубот. Белгиецот е еден од најбараните фудбалери на пазарот, а најсериозен интерес, барем според медиумите покажуваат од Реал Мадрид.

Азар има договор со Челси до јуни 2020 година, а од неговите одговори на новинарските прашања, останува нејасно дали сака да остане на „Стенфорд Бриџ“. Единствено е јасно дека доколку реши да замине од Челси, неговата следна станица ќе биде Реал.

Челси му нуди плата што во Реал не може да ја добие, меѓутоа и повеќе од јасна е желбата на Азар да го облече дресот на Реал, иако тој не крие дека не би имал ништо против да остане во Лондон.

Роман Абрамович излегол со конкретна понуда, 17 милиони евра годишно, односно 335.000 евра неделна плата. Белгиецот се уште не се изјаснил околу понудата, единствено е познато дека тој нема да го напушти клубот во јануари.

„Сега се зависи од него. На масата е новиот договор, но само од него зависи дали ќе ја продолжиме соработката. Секако дека сакам Еден да остане со нас. Знам дека раководството секоја недела разговара со него околу новиот договор“, рекол тренерот Маурусио Сари.

Инаку, Челси ја продолжија соработката со капитенот Сесар Аспиликуета на уште четири години. Десниот бек добил 168.000 евра неделна плата. Сари, на новинарите им рекол дека би сакал нови договори да потпишат Давид Луиз и Сеск Фабрегас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП