20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа престижниот фестивал „Санденс“ два македонски филма

На престижниот фестивал „Санденс“ два македонски филма

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и копродукцискиот „Ловци на вештерки“ на Рашко Миљковиќ влегоа во строгата селекција на престижниот филмски фестивал на авторскиот и независен филм „Санденс“.

„Медена земја“ е добитник на неколку награди меѓу кои и награда од Сараевскиот филмски фестивал лани, на програмата „Синелинк“, за развој на филмот. Продуцент на филмот е Атанас Георгиев.

Семејната приказна „Ловци на вештерки“ ја имаше премиерата на Филмскиот фестивал во Торонто, каде што ја освои наградата на публиката, а веќе е прикажан на 30-ина филмски фестивали. Филмот е копродукција со Србија, а во него игра и нашата актерка Јелена Јованова. Продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фактори“.

„Ловци на вештерки“ ќе биде прикажан во категоријата на детски филмови.

Фестивалот „Санденс“, чиј основач е Роберт Редфорд во 1981 година, ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП