23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоилов: Провокатори се, сакаме победа против Кјелце

Стоилов: Провокатори се, сакаме победа против Кјелце

Ракометарите на Вардар, в сабота, ќе го одиграат последниот меч оваа сезона во Лигата на шампионите. Во Скопје, ќе гостува полскиот шампион Кјелце (1.декември, 17.30 часот).

Натпреварот со Кјелце е еден од клучните дуели за Вардар во обидит да го освои второто место на табелата во А-групата. Мечот ќе биде можност за црвено-црните да му се реваншираат на противникот за поразот во Полска.

Кјелце на 14.октомври, во тензичен натпревар, го победи Вардар 31:27 и во тој момент ја прекина серијата од четири победи во која беа црвено-црните.

„Не очекува тежок натпревар против тежок противник со одлични ракометари. Играме дома и за нас и за целокупната јавност ќе биде навистина убаво да победиме. Многу сакаме да ја завршиме годината во Лигата на шампионите со победа и се надевам дека ќе успееме да го направиме тоа. Келце е познат по провокации особено нивниот тренер. Се надевам дека нема да подлегнеме на нив. Наше е да излеземе на терен, да дадеме сè од себе и да победиме”, рече на прес конференцијата во пресрет на дуелот капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП