2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРација вo Deutsche Bank поради сомнежи за перење пари

Рација вo Deutsche Bank поради сомнежи за перење пари

Обвинителството во Франкфурт и германската Федерална служба за криминална полиција, утрово влегоа во просториите на „Deutsche Bank“. Тие се во вкупно шест канцеларии на банката, вклучувајќи го седиштето на групацијата во Франкфурт и се врши претрес во рамките на истрагата за перење пари против најмалку двајца вработени на финансиската институција, пишува германскиот „Handelsblatt“.

Околу 170 вработени на обвинителството, Федералната служба за криминално полициско управување, одделот за „Даночни истраги“ и федералната полиција ги претресуваат утрово шестте имоти во Франкфурт, Ешборн и Грос-Умштад.

Најголемата германска банка е осомничена дека помагала на клиенти да создаваат компании во даночните засолништа, за да перат пари, добиени преку кривични дела, посочува обвинителството во комунике, цитирајќи досиеја откриени во „Panama Papers“.

Акциите на „Deutsche Bank“ реагираа негативно по објавувањето за пребарувањата и се намалија за 3,2 отсто. „Ова значи сериозна загуба на довербата и може многу да ја чини банката“, рече еден брокер. „Колапсот на курсот под рекордно ниско ниво од 8,05 евра е многу веројатно“, додава тој.

Истражувањата се насочени против двајца вработени на возраст од 50 и 46 години, како и други неидентификувани вработени во компанијата. Со перењето на пари исто така се поврзани голем број на директори. Банката официјално ги потврди информациите за пребарување и вети целосна соработка.

Обвинителството тврди дека за осомничените немало сомневања за перење пари на офшор компании кои вршат даночни измами, пред да бидат откриени т.н. „Panama Papers“ во април 2016-та година.

Само во 2016-та година, поделбата на „Deutsche Bank“ на Британските Девствени Острови имаше над 900 клиенти со вкупна актива од 311 милиони евра, се вели во Извештајот на Обвинителот.

„Точно е дека полицијата во моментов разгледува различни локации на нашата банка во Германија. Ова е случај поврзан со документите од Панама. Ние ќе комуницираме штом ќе имаме повеќе детали. Ние ќе соработуваме целосно со властите“, рече банката.

Европската централна банка (ЕЦБ), која е задолжена за надзор на „Deutsche Bank“, не го коментира ова прашање. Сојузниот финансиски орган за супервизија (BaFin), базиран на Бон, исто така, не коментираше за истрагата.

Т.н. „Panama Papers“ се доверливи документи отворени во пролетта 2016-та година од страна на меѓународна мрежа на истраги. Тие откриваат како политичари, спортисти, милијардери, познати личности и криминалци низ целиот свет користат компании, создадени од панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“ во Панама, за да ги заобиколат даночните системи во своите земји. Во летото 2017-та година, Федералната кривична полициска служба објави дека ги има добиено документите и ги разгледува.

Според канцеларијата на обвинителот во Франкфурт, голем број деловни документи се задржани денес во писмена и електронска форма. Истрагата продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП