29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООклахома го посрамоти Голден Стејт, Леброн го „уништи“ Кливленд (видео)

Оклахома го посрамоти Голден Стејт, Леброн го „уништи“ Кливленд (видео)

Новиот пораз на Голден стејт го привлече вниманието синоќа од 13-те одиграни натпревари во НБА лигата. По три порази на турнеата во Тексас, Голден стејт се врати во својот дом но доживеа нов дебакл, овој пат од Оклахома која славеше со 95-123.

Оклахома до победата ја водеше одличниот Шродер со 32 поени и по четири скока и асистенции. Пол Џорџ исто така беше одличен со 25 поени и девет скока, додека Расел Вестбрук имаше ефект од 11 поени, 13 асистенции и 11 скока. Кај Вориорс најдобри беа Кевин Дурант и Клеј Томпсон со по 27 поени.

Интересно беше и во Тојота центарот каде домашниот Хјустон славеше против Детроит со 126-124. Одлична партија во редовите на Хјустон имаше Џејмс Харден со 43 поени, 9 асистенции и 7 скока.

Леброн Џејмс се врати во „Лоанс арената“ во Кливленд каде славеше со својот нов тим ЛА Лејкерс против поранешниот постигнувајќи 32 поени и дополнети и со 14 скока и 7 асистенции. Кај домашните најдобар беше Осман со 21 поен.

Шарлот славеше против Индијана со 127-109, притоа со 20 поени на Богдановиќ. Додека во интересен меч Филаделфија го победи Њу Орлеанс со 121-120. Во останатите мечеви Атланта загуби дома од Торонто со 108-124, а Њујорк на гости го победи Бостон со 109-117. Чикаго славеше против Феникс со 124-116, Минесота загуби од Денвер со 101-103, Мемфис беше подобар од Сан Антонио со 103-104 а Јута пред своите навивачи загуби од Сакраменто со 110-119.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП