ПочетнаКУЛТУРАВо Токио ќе се одржи Европскиот книжевен фестивал

Во Токио ќе се одржи Европскиот книжевен фестивал

Од 23 до 25 ноември на Европскиот книжевен фестивал кој по вторпат се одржува во Токио, Јапонија, ќе учествува и македонската писателка Лидија Димковска.

„Димковска, заедно со уште тројца досегашни добитници на наградата на Европската Унија за книжевност од Словенија, Велика Британија и Малта, ќе учествува на книжевна дебата и читање на кое кое Димковска ќе претстави фрагмент од романот „Резервен живот“ на македонски, англиски и јапонски јазик“,се наведува во соопштението.

На фестивалот пред јапонската публика покрај добитниците на наградата на ЕУ за книжевност со читања, дебати и промоции ќе се претстават и реномирани писатели од Белгија, Летонија, Финска, Австрија, Германија, Чешка, Португалија, Естонија, Холандија и други, а учествуваат и јапонски автори. По учеството на фестивалот, Димковска ќе престојува на еднонеделна писателска резиденција на јапонскиот остров Окинава.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП