28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортланд продолжува да „гази“, Торонто стигна до тесна победа против Орландо (видео)

Портланд продолжува да „гази“, Торонто стигна до тесна победа против Орландо (видео)

Тимот од ЛА имаше неверојатен почеток во главниот град на САД – Вашингтон. Отворија со неверојатни (40:18), а тоа беше втор пат како Визардс имаат таков лош „влез”, и губат со повеќе од 20 разлика во стартниот период.

Пробаа да се вратат „волшебниците” во вториот период, но тоа им успеа дури во третиот. Се до моментите кога се разиграа Џон Вол и Бредли Бил, кои ја симнаа негативата на 11поени. Продолжија во ист ритам и во последниот, кога по двете тројки на Џеф Грин, на три и пол минути пред крајот преминаа во водство, а со серијата (11:2) дојдоа и до победата против Клиперси.

Џон Вол дојде до 30.поени, Бредли Бил имаше 27, додека кај гостите од Лос Анџелес Тобијас Херис имаше 29.

Торонто подобро го почна мечот во Орландо, и имаше плус 12 на истекот на првиот период. Тоа водство го држеа до полувремето. Пресвртот во играта и во резултатот беше најавен во третата четвртина. Орландо стигна до минимална предност, а потоа се играше „кош за кош” практично до последните секунди.

Во оние последни десет, Орландо губеше со (91:89). Израмни, со забивање, Еван Фурние, а на асистенција на Кајл Лаури, во оние преостанати 2.3 секунди, Дени Грин им донесе победа на Репторс. Негов 13 на овој драматичен меч во кој Каваи Ленард додаде 18.

Фурние беше најдобар кај Меџик со 27 поени, додека Никола Вучевиќ имаше дабл-дабл од 14.поени и 18.скока.

Во доста израмнет меч Портланд го освои „Медисон Сквер Гарден” и го победи Њујорк. И тоа поради подобриот финиш, со поените на Демиен Лилард и Еван Тарнер (118:114).

Си-Џеј Мек Калум заврши со 31.поени, Лилар имаше 29 кај Блејзерс, додека пак уште еднаш прво поентерско име кај Никс беше Тим Хардавеј – Јуниор со 32. поени.

Во најголем дел од играта Мајами имаше водство во дуелот со Бруклин. Но Нетс најдоа сили за да го свртат резултатот во своја корист и да го победат Хит со (104:92). Пресуди последниот дел од играта кој го добија со двојно поголеми (30:15).
Дианџело Расел имаше 20.поени за тимот од Бруклин, додека поен повеќе на спротивната страна уфрли Хасан Вајтсајд.

РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Торонто 91:93, Вашингтон – ЛА Клиперс 125:118, Мајами – Бруклин 92:104, Њујорк – Портланд 114:118;

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП