28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија во квалификациите за ЕП може да добие југословенска група

Македонија во квалификациите за ЕП може да добие југословенска група

За две недели (2 декември) во Даблин ќе бидат извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2020 година. Македонија противниците ќе ги чека од петтиот барабан. Она што е интересно, но не и премногу посакувано, е што македонската репрезентација може да биде во група со репрезентации од просторите на поранешна Југославија.

Голема е веројатноста дека Хрватска ќе биде меѓу носителите на ждрепката, односно дека ќе се најде во првиот барабан. Хрватска го чека расплетот во групите 1 и 3 во Лигата на нациите.

Босна и Херцеговина сигурно ќе биде во вториот барабан. Репрезентацијата што ја предводи Роберт Просинечки одигра исклучително добро во Лигата на нациите и супериорно ја освои својата група.

Во третиот барабан ќе биде Србија, а во четвртиот репрезентациите на Црна Гора и Словенија.

Квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 ќе се играат во периодот март-ноември 2019 година. Екипите ќе бидат поделени во десет групи, а најдобрите две од секоја група ќе изборат пласма на континенталниот шампионат. Преостанатите четири места ќе ги пополнат победниците во секоја од четирите дивизии во Лигата на нациите.

Инаку, ЕУРО 2020 ќе се одржува во 12 држави, а градови домаќини ќе бидат: Амстердам, Баку, Билбао, Брисел, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург.

Завршницата (двете полуфинални средби и финалето) ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП