20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси пред 15 години дебитираше за Барселона

Меси пред 15 години дебитираше за Барселона

На денешен ден пред 15 години Лионел Меси го имаше дебито за првиот тим на Барселона.

Аргентинецот ги одигра првите минути за сениорскиот тим на Каталонците на 16 ноември 2003 година, кога Барселона гостуваше на новоотворениот „Естадио До Драгао“ на пријателски натпревар со Порто на Жозе Мурињо.

За овој натпревар, тогашниот тренер на Барселона, Франк Ријкард се реши на голем број младинци, а еден од нив е и Меси, кој на крајот ќе стане една од најголемите легенди во историјата на клубот.

Меси влезе во игра во 75-тата минута и создаде две добри можности за своите соиграчи, а исто така имаше шанса и да даде гол, но промаши од непосредна близина. Тогаш тој имаше 16 години, четири месеци и 23 дена.

При гостувањето во Порто, Меси носеше дрес со број 14 на грбот, а речиси една година подоцна, на 16 октомври 2004, дебитираше и во Примера во градското дерби со Еспањол.

До моментов Меси има освоено пет „Златни топки“, девет титули во Ла Лига, шест Кралски купа, четири трофеи од Лигата на Шампионите и постигнато 566 гола за Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП