20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТежок пораз на НБА шампионот во Хјустон (видео)

Тежок пораз на НБА шампионот во Хјустон (видео)

Во дербито на синоќешните НБА натпревари, кошаркарите на Хјустон Рокетс на домашен терен убедливо го совладаа тимот на Голден Стејт Вориорс со 107-86.

Прашањето на победникот беше разрешено во почетните минути на последната четвртина, кога „ракетите“ со серија 21-0 се одлепија на недостижни 97-65. Лидер кај победничкиот тим беше Џејмс Харден со 27 поени, додека кај „воините“ прв стрелец беше Кевин Дурант со 20 коша.

Кошаркарите на Денвер Нагетс на свој паркет ја совладаа Атланта Хоукс со 138-93 и ја прекинаа серијата од четири порази во меѓусебните дуели. Тимот од Колорадо беше расположен во текот на целиот меч, а прв стрелец беше Хуанчо Ернангомез со 25 поени. Србинот Никола Јокиќ мечот го заврши со 12 коша, 9 скока и 7 асистенции за 25 минути игра. На спротивната страна најрасположен беше Џереми Лин со 16 поени.

Во последниот натпревар, одигран во „Стејплс Центар“, Лос Анџелес Клипер славеше победа против Сан Антонио Спарс со 116-111. Натпреварот беше решен во самиот финиш, а најзаслужни за победата на „клиповите“ беа Вилијамс со 23 поени и Галинари со 19 коша. На спротивната страна Дерозан запиша највисоки 34 поени, но недоволни за позитивен резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП