ПочетнаКОМПАНИИСименс се откажува од бизнисот со солари

Сименс се откажува од бизнисот со солари

siemens

Германската компанија Сименс најавува дека ќе престане со активностите во областа на соларната енергија. Причината за оваа одлука е дека компанијата не успеа да најде купувач за ова производство. Неколку инвеститори пред седум месеци пројавија интерес за проектот на Сименс, сепак конкретни понуди не пристигнале до седиштето на компанијата.

Во 2009-та година тие одлучија да ја купат израелската компанија „Solel Solar“ за 284 милиони евра. Сега Сименс има 280 работници кои работат на развој на овој сектор. Но Сименс полека ќе ги намалува тековните нарачки и постепено ќе ја прекрати својата дејност во соларната енергија до 2014-та година.

Уште во октомври Сименс најави дека ќе излезат од секторот на обновливите извори на енергија поради големата конкуренција која ја имаат кај производителите во Кина.

Во почетокот на март уште една германска компанија „Бош“, исто така, најави дека најави дека ќе престанат со своите активности во истиот сектор.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП