Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Се поголема продукцијата на евтино месо, здравјето и ресурсите на удар

Време: 11:03

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Производството на килограм говедско месо ја загадува животната средина како да сте возеле автомобил 250 километри, троши 15.500 литри вода и иста количина енергија како и 100-ватна светилка вклучена 20 дена.

Овој интересен податок може да се прочита во Прирачникот на глобалната организација „Слоу фуд“ што беше апдејтиран годинава согласно најновите (загрижувачки) податоци за консумацијата на месо во светски рамки.

„Слоу фуд“ укажува дека е огромно исцрпувањето на природните ресурси за да се задоволи се поголемата побарувачка и консумација на месо. Западните земји засега можат да си дозволат потрошувачка колку актуелната (во САД 120 килогами месо по жител годишно, а во ЕУ 80,6, килограми) зашто останатата популација во светот јаде многу помалку. Но, ако Кинезите и Индијците почнат да консумираат месо колку САД и ЕУ, производството ќе стане неодржливо. Планетата не ќе успее да го нахрани добитокот што се одгледува (користи) во месната индустрија.

Посебно се поразителни бројките кои го покажуваат дисбалансот во консумацијата на месо. Наспроти „напредните“ држави, населението во субсахарска Африка јаде помалку од 20 килограми по жител.

-Сточарството станува се по интензивно поради зголемената побарувачка на евтино месо, млеко и јајца. Тоа не само што се одразува врз квалитетот на производите, а оттука и врз здравјето на консументите, туку значително влијае и врз околината и драстично го менува начинот на одгледување на животните. Тие се чуваат затворени, во контролирани услови, без можност да ги манифестираат своите природни карактеристики. Прекумерно се товат и крмат, независно што тоа им го скратува ионака предодредениот животен век. Дополнително, подложени се и на превентивни медицински третмани. Во оваа смисла, кога со своето семејство ќе седнете да јадете килограм печено говедско месо треба да имате на ум дека за негово производство се ослободиле стакленички гасови еднакви на 36,4 килограми јаглерод диоксид и се потрошиле 15.500 литри вода. И не само тоа, туку и дека животното е исфорсирано, товено, прекумерно хрането, само за да даде повеќе месо (млеко, јајца) за пократко време и со помалку трошоци. Како да се заборава или можеби некој и не знае дека производите од животно со добра благосостојба е поздраво и повкусно, велат од „Слоу фуд“.

Според организацијата, чувањето на животните во сурови услови е неприфатливо. На добитокот не смее да му се нанесува болка, физичка или ментална, треба да му се дозволи (да му с еовозможи) да го искаже своето природно однесување. Одгледувањето мора да биде во хумани услови

-Приоритетот на индустриското фармерство е максимум производство. Тоа не води сметка за животните. Ги заменува грлата со нови и така го продолжува циклусот без воопшто да се грижи за благосостојбата на животните, отпадот, загадувањето или губењето на биодиверзитетот. Вклучува: чување на животните во поголеми групи, збиено, рутински осакатувања (кастрење опашка или клун), ограничување во кафези, користење висок степен на антибиотици за превенција од болести и за забрзување на растот и поголемо производство на месо, млеко и јајца. Говеда од 700 килограми се хранат 10 до 12 пати повеќе од нивната тежина пред самото колење. Им се даваат високопротеински крмива за да се предизвика забрзан раст или за да се произведе повеќе млеко. Од 10 килограми крмиво, седум килограми се високо протеинска пченка или соја, посочуваат од „Слоу фуд“.

Додаваат дека поради зголемената побарувачка, се повеќе расте притисокот врз фармерите од страна на супермаркетите за поевтино производство, а пасиштата се заменети со штали и товилишта.

Практично, два принципа го водат денешниот, модерен производствен циклус на месо: брзина и количество.

-Мора да знаеме дека колку е поголемо и поевтино производството, толку е понегативен импактот врз животната средина, здравјето на животните и луѓето, фармерите. За жал, евтиното месо го преплавува пазарот и маѓепсаниот круг продолжува. Ниските цени ги охрабруваат потрошувачите да си ја наполнат кошничката и да консумираат што повеќе, а токму тие имаат огромна моќ да ги пренасочат пазарот и производството преку зголемена свесност, преку правилен избор – што и колку ќе јадат, велат од Слоу фуд.

Тоа што сакаме да јадеме повеќе месо, а да платиме помалку, ги тера фармерите да произведуваат поголеми количини со слаб квалитет.

-Во традиционалните фарми oд помал обем, добитокот го добива поголемиот дел од храната од земјиштето на кое се одгледува, а изметот се користи како ѓубриво. Во индустриското производство ситуацијата е обратна. Фармите трошат повеќе храна отколку што произведуваат – од секои 100 калории храна со која се храни добитокот, се добиваат само 30 калории во форма на месо и млеко, додека изметот на добитокот е толку голем, што станува загадувач. Крмивото е произведено со интензивни методи на монокултури, понекогаш стотици или илјадници киломтери подалеку, со користење минерални ѓубрива и пестициди кои се штетни за животната средина. Всушност, индустриското производство на сточна храна ја загадува водата, почвата и воздухот со вишок материи од ѓубривата и пестицидите и е голем придонесувач на глобалните емисии на стакленички гасови и на климатските промени, предочува „Слоу фуд“.

Во Прирачникот стои дека е подобро да се јаде помалку, но поквалитетно месо кое, секако, чини повеќе. Притоа се наведува податокот дека преку 70 проценти од нашите набавки на храна ги правиме во супермаркетите, каде евтино пилешко чини помалку од пиперки.

– Бирајте квалитетно месо од автохтони раси, од животни чувани и заклани во вашата земја, произведено од малите, локални земјоделци. Избегнувајте месо од стандардизирани индустриски фарми, посебно месо што е евтино зашто тоа е потврда за експлоатација на животните и животната околина. Купувајте само свежо месо во количини што одма можат да бидат употребени, советува „Слоу фуд“, а како замена за месото предлага мешункасти и маслодајни растенија.

Во ЕУ, преку 80 отсто од животните се одгледуваат индустриски, а на пазарот доминираат свинското и пилешкото месо. Поради тоа, од фармерите се бара да го интензивираат производството на само неколку видови животни што создава дисбаланс меѓу видовите. Ова е случај и со типот на месо зашто добитокот не е составен само од стек (бифтек).

-Деловите што не ги купуваме често завршуваат како отпад, а изгубеното, фрлено месо дополнително поттикнува одгледување што повеќе животни, истакнуваат од организацијата.

Црвено, бело, дивеч

Препорачаното количество месо за исхраната да биде здрава, како што стои во Прирачникот, е околу 630 грама неделно, но секој од нас јаде 2,5 пати повеќе.

Слоу фуд нотира дека во Македонија годишно се трошат 60 килограми месо по глава на жител, додeка во ЕУ 85 килограми или 232 грама дневно.

Според последната Анкета, пак, на Државниот завод за статистика на Република Македонија од 2017 година, на македонската трпеза доминира пилешко месо со просечни 80 килограми по домаќинство во текот на годината. Следуваат јунешко и телешко со по 25, 6 килограми, како и свинско со 22,1. Јагнешко се јаде најмалку, 1,8 килограм по домаќинство, а на месни преработки отпаѓаат 40,1 килограм.

Факти, анализи, проекции

Традиционалните млечни раси добиток можат да живеат преку 15 години и да дадат род шест до седум пати. Произведуваат помалку млеко од модерните раси кои имаат покус животен век, во просек 4,5 до 5,5 години, и даваат род 2,5 до 3,5 пати.

Гоени маторици живеат до три години, додека нормално би живееле и до 18 години. Месестите свињи се колат на 5-6 месеци возраст.

Пилешкото месо што го купуваме во супермаркетите е добиено од пилиња кои се колат по 35 – 60 дена живот.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), денес, преку 60 милијарди грла добиток се одгледуваат за храна. Овој број во текот на 21. век се очекува двојно да се зголеми.

Проценките се дека до 2050 година глобалната потрошувачка на месо ќе се зголеми двапати. Сепак, месо има повеќе од доволно за секој да добие соодветен дел. Ако 750 милиони луѓе на ниво на ЕУ јадат само препорачан квалитет, вишокот месо може да нахрани 991 милион жители.

Светскиот фонд за истражување канцер и Универзитетот „Харвард“ препорачуваат умерена консумација на црвено месо (две порции неделно) и само повремено јадење преработки (салами, шунка, виршли, колбаси).

Ако јадеме помалку месо, ќе го поддржиме и опстанокот на пчелите

Уште еден скриен трошок предизвикан од интензивното производство на месо е губењето на биодиверзитетот и природните живеалишта. Огромни полиња од монокултури потребни за исхрана на животните кои се чуваат во затворен простор цел живот, зависат од употребата на пестициди. Токму пестицидите и нанесуваат драматичен удар на популацијата пчели.

Како што посочува „Слоу фуд“, традиционалните фарми од помал обем ги ротираат културите за да се искористи природната контрола на штетници.

Мирјана Чакарова

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

    Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

    Германскиот град Билефелд, за една полусериозна теорија на заговор која тврди дека градот навистина не постои, нуди голема награда за оној кој ќе докаже дека…

  • Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

    Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

    Речиси 10.000 луѓе досега се пријавиле за учество на забава на холандска плажа, за да го одбележат излезот на Велика Британија од Европската унија. Организаторите…

  • Цените на нафтата во пад

    Цените на нафтата во пад

    Цените на суровата нафта паднаа во вторникот на меѓународните пазари на 59 американски долари, во услови на голема загриженост за побарувачката. Таа загриженост ги надмина…

  • Продолжување на проектот купи куќа купи стан

    Продолжување на проектот купи куќа купи стан

    Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се…

  • Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

    Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

    По благиот раст кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни, во јули е евидентиран позначителен пад од 2,3 проценти, кој се должи на падот во…

  • Libra-та под лупа на европското тело за конкуренција

    Libra-та под лупа на европското тело за конкуренција

    Властите на пазарот на ЕУ ги истражуваат можните проблеми со планираното лансирање на криптовалутата Libra. Властите во ЕУ изразија загриженост дека Libra нелегално ќе ги исклучи…

  • Трамп има ,,ас во ракавот”: Ќе добиеме од ЕУ сè што бараме

    Трамп има ,,ас во ракавот”: Ќе добиеме од ЕУ сè што бараме

    Американскиот претседателот, Доналд Трамп, изјави дека од Европската унија ќе добие сè што бара затоа што има „адут во ракавите“ – воведување на царини на…

  • Германија денеска за првпат емитува 30-годишна обврзница со нула каматна стапка

    Германија денеска за првпат емитува 30-годишна обврзница со нула каматна стапка

    Германија денеска за првпат ќе емитува 30-годишна државна обврзница со каматна стапка од нула отсто. Продажбата на обврзницата, како што се очекува, ќе се реализира…

  • Само 13 отсто од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

    Само 13 отсто од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

    Половина од корисниците на интернет во Европската унија својот одмор или патување го резервирале онлајн. Најчесто тоа го направиле корисниците од Луксембург – 73 проценти,…

  • Сончево и топло до 38 степени

    Сончево и топло до 38 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе…