Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,374.75 0.5%    BESK 9,088.75 -3.3%    BGOR 240.00 -11.11%    FUBT 1,000.00 0%    GRNT 825.00 -0.48%    GTRG 3,000.00 0%    KMB 5,699.33 -0.01%    MERM 2,037.00 -3%    MPT 51,874.83 -0.3%    REPL 76,000.00 0%    RZUG 12.00 20%    RZUS 105.00 0%    STIL 114.00 -0.8%    UNI 2,300.33 -2.11%    USJE 23,500.00 2.17%    

Јунајтед и Погба со невиден пресврт во Торино, Реал „кралски“ во Чешка

Време: 09:59

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вечер на постигнување на голови против поранешни тимови, Кристијано Роналдо стрелаше против Манчестер јунајтед, а Пол Погба против Јувентус, за на крајот „ѓаволите“ да стигнат до импресивна и драматична 2:1 победа во Торино за зголемување на шансите за пласман понатаму во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ Реал Мадрид се враќа од Чешка со импресивна 5:0 победа над Викторија Плзен.

Кристијано Роналдо во 65. минута од мечот во Торино доби фантастична топка од Леонардо Бонучи за со силен и прецизен удар да го совлада Давид де Хеа и да ја искомпликува ситуацијата на Манчестер јунајтед. Иако го „потопи“ својот поранешен клуб, Португалецот го прослави голот, пред да им се извини на гостинските навивачи.

Но, завршницата целосно му припадна на тимот на Жозе Мурињо. Хуан Мата во 86. минута постигна прекрасен гол од слободен удар за израмнување, а во 90-тата минута по една мешаница пред голот на Јуве, Пол Погба со помош на Алекс Сандро го постигна победничкиот гол (кој му беше запишан на дефанзивецот).

Со оваа победа, Јунајтед останува на второто место со 7 поени, два помалку од Јуве, но уште поважно два поени пред Валенсија, каде што ќе гостува во одлучувачкиот меч.

Сантијаго Солари пак, имаше уште една победа на клупата на Реал Мадрид, зголемувајќи си ги шансите да биде наименуван за постојан тренер на „кралевите“, откако предводен од двата гола на Бензема и по еден на Бејл, Крос и Кашемиро, стигна до лесна 5:0 победа во Плзен и се израмни со Рома со по 9 поени на врвот на групата Г.

Манчестер сити го „здроби“ Шахтјор Доњецк на „Етихад“ со 6:0 со два гола од пенал, од кој едниот беше дело на Рахим Стерлинг, кој имаше едно импресивно „глумење“ за пенал. Во истата група Ф, Лион пропушти победа и одигра 2:2 Хофенхајм, за да си ги зголеми шансите за пласман понатаму. Сити има 9, Лион 7 поени, а Хофенхајм 3 поени.

Во групата Е, Баерн Минхен рутински со 2:0 го совлада тимот на АЕК Атина, за да остане на првото место на табелата, пред Ајакс, кој одигра 1:1 во Португалија против Бенфика за да се зацврсти на второто место.

Рома стигна до тешко извојувана 2:1 победа на гостувањето кај ЦСКА Москва за да го заземе првото место на табелата во групата Г, барем до гостувањето на Реал Мадрид кај Викторија Плзен, додека Валенсија со 3:1 го совлада Јанг Бојс за да го помине Манчестер јунајтед на второто место во групата Х.

„Волчицата“ рано дојде до водство во Русија, откако Костас Манолас уште во четвртата минута беше најснаодлив во скокот по корнер за италијанскиот клуб, меѓутоа Арнор Сигурдсон израмни за „Армејците“ во 50. минута од мечот. Супер-важните три поени ги обезбеди Лоренцо Пелегрини девет минути подоцна откако топката среќно дојде до него.

Сега Рома има 9 поени на првото место, пред Реал со шест, ЦСКА со четири и Викторија со еден поен.

На „Месталја“ пак, Валенсија со двата гола на Мина стигна до 3:1 победа над швајцарскиот Јанг Бојс, за да ја искомпликува борбата на Манчестер јунајтед за место во осминафиналето. Јуве пред вечерашната пресметка со „ѓаволите“ има максимални 9 поени, Валенсија сега е втора со 5, Јунајтед имаат 4, а Јанг Бојс само 1.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА Е

Бенфика – Ајакс 1:1

Баерн Минхен – АЕК Атина 2:0

Табела: Баерн 10, Ајакс 8, Бенфика 4, АЕК 0

ГРУПА Ф

Манчестер сити – Шахтјор 5:0

Лион – Хофенхајм 2:2

Табела: Манчестер сити 9, Лион 6, Хофенхајм 3, Шахтјор 2

ГРУПА Г

ЦСКА Москва – Рома 1:2

Викторија Плзен – Реал Мадрид 0:5

Табела: Рома 9, Реал 9, ЦСКА 4, Викторија 1

ГРУПА Х

Валенсија – Јанг Бојс 3:1

Јувентус – Манчестер јунајтед 1:2

Табела: Јувентус 9, Манчестер јунајтед 7, Валенсија 5, Јанг Бојс 1

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 5 растенија за во канцеларија кои ќе ви ја унапредат кариера

    5 растенија за во канцеларија кои ќе ви ја унапредат кариера

    Ако ви е потребен напредок, најбрз пат до успехот е да ги внесете вашите растенија во вашата работна средина. Една студија на британските научници објавена…

  • Дали музиката влијае на продуктивноста?

    Дали музиката влијае на продуктивноста?

    Спроведеното истражување потврди дека слушањето музика влијае врз продуктивноста, но неодамнешните истражувања покажаа дека некои жанрови мотивираат и ја зголемуваат продуктивноста повеќе од другите. Најпопуларната…

  • Закажување пораки на G-mail како роденденски поклон

    Закажување пораки на G-mail како роденденски поклон

    Корисниците на “Gmail ” најверојатно наскоро ќе можат да користат дополнителни алатки, меѓу кои е закажување на испраќање на порака. G-mail започна со работа во…

  • Instagram ви овозможува да купувате производи без напуштање на апликацијата

    Instagram ви овозможува да купувате производи без напуштање на апликацијата

    Instagram оди малку подлабоко во областа на трговијата, со што ќе ви овозможи да купувате производи без напуштање на апликацијата. Функцијата за купување првично ќе…

  • Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

    Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

    Релативно лоша година за градежните компании, речиси сите имаат намален обем на работа и драстично скастрен профит. На производителите на градежни материјали се уште им…

  • Економист: Париз, Хонгконг и Сингапур најскапи градови во светот

    Економист: Париз, Хонгконг и Сингапур најскапи градови во светот

    Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои се на прво место на листата на магазинот “Економист”. Ова е првпат во 30-годишната…

  • СБ: Во Западен Балкан се забележува подобрување на успешноста на пазарот на трудот, но жените, младите и помалку образованите работници и понатаму се соочуваат со предизвици

    СБ: Во Западен Балкан се забележува подобрување на успешноста на пазарот на трудот, но жените, младите и помалку образованите работници и понатаму се соочуваат со предизвици

    БЕЛГРАД, 19 март, 2019 година — Успешноста на пазарот на трудот во Западен Балкан и понатаму се подобрува, иако со побавно темпо од минатата година и…

  • „Градски паркинг“ лани заработил над 2,4 милиони евра

    „Градски паркинг“ лани заработил над 2,4 милиони евра

    Минатата година Јавното претпријатие „Градски паркинг“ заработило над 2,4 милиони евра или точно 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017…

  • Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

    Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

    Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот…

  • Зидан подготвува револуција во Реал Мадрид

    Зидан подготвува револуција во Реал Мадрид

    Зинедин Зидан, кој пред една недела се врати на чело на Реал Мадрид, планира револуција во клубот, а зад него стои Флорентино Перез, кој е…