ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ќе ја надмине Франција во производство на возила

Британија ќе ја надмине Франција во производство на возила

gb

Со оглед дека неколку фабрики за автомобили во Франција се затворија или ќе се затворат, тешко може да се очекува дека оваа земја ќе успее да го оствари резултатот од 2012-та година кога станува збор за производство на автомобили. Од погоните на автомобилските гиганти лани излегоа 1.9 милиони возила, а се очекува оваа бројка годинава да биде многу помала.

Франција како и другите земји во Европа е погодена од комбинацијта од големата невработеност и фокусот на големиот број на граѓани е да ги враќаат своите долгови, па така тоа резултираше со значителен пад на побарувачката за автомобили. Од друга страна, Британија нема вакви проблеми и нејзината индустрија за автомобили бележи подобри резултати од остатокот од стариот континент.

Предвидувањата укажуваат дека ваквиот тренд ќе продолжи до 2018-та година, па Велика Британија би можела да ја надмине Франција и да стане вториот најголем производител на возила во Европа, веднаш зад Германија која долго време е неприкосновен лидер. Исто така доколку продолжи ваквиот тренд можеме да очекуваме Романија да ја надмине Италија што ќе биде изненадување за сите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП