19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБугарија, Грција, Србија и Романија ја сакаат организацијата на СП во фудбал...

Бугарија, Грција, Србија и Романија ја сакаат организацијата на СП во фудбал во 2030

До 2030 година Бугарија, Грција, Србија и Романија ќе аплицираат за домаќини за Светското првенство во фудбал, изјави премиерот Бојко Борисов на прес-конференција по четиристраната средба на високо ниво што се одржа во Бугарија, пренесе бугарската новинска агенција „Фокус“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека идејата била на грчкиот премиер Алексис Ципрас, а дека истата била поддржана од премиерите на Романија и Бугарија Вјорикa Данчило и Бојко Борисов.

Вучиќ рече дека постои план Србија да се кандидира и за организација на Европското првенство во 2028 година, пренесуваат српските медиуми.

„Тоа ќе биде проблем, но и поттик за да започнеме да работиме на нашите стадиони, да видиме на кој начин и како можеме да ја унапредиме спортската инфраструктурата“, вели српскиот претседател.

Инаку, Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар, а во 2026 во Мексико, Канада и САД. Каде ќе биде одржано Светското првенство во 2030 година, ФИФА, ќе реши по завршувањето на СП во Катар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП